Фрлање низ стакло: 6 филмски клишеа кои не постојат во вистинскиот живот
Ги обожаваме филмовите затоа што ни помагаат да избегаме од реалноста барем на неколку часа. Но, многу често некои сцени упорно се повторуваат во филмовите и на еден начин ја прифаќаме нивната точност безрезервно.
Сепак, работите најчесто не се толку драматични и не функционираат на истиот начин во реалноста.
Погледнете кои се топ филмски клишеа кои можете да ги видите во секој втор филм:
1. Заспивање со хлороформ
Најчеста сцена во речиси сите мистерии и трилери е доброто старо успивање на жртвата, држејќи натопено марамче со хлороформ врз нивното лице. Дали оваа тактика би функционирала и во вистинскиот живот? Веројатно не.
Всушност, хлороформот почнува да ја губи својата ефективност во моментот кога ќе се размеша со воздух, а многу од овие споредни улоги во филмовите поминуваат време чекајќи да се приближат до жртвата.
Исто така, оваа супстанца не почнува да функционира во истата секунда, многу често требаат барем 10 минути за жртвата да заспие.
2. Паѓање преку стакло
Не постои ниту еден акционен филм во кој нема актер кој ќе падне низ стакло и потоа продолжува да се движи без ниту една модринка. Веројатно би требало да ги предупредат луѓето да не пробуваат да го прават тоа дома, затоа што никако не би поминале толку лесно.
Скршеното стакло има толку остри краеви што можат многу лесно да ја искинат и облеката и кожата на човекот. Дури и ако некој би го преживеал паѓањето преку стакло, веројатно ќе има толку многу повреди што би изгледал непрепознатливо.
3. Автомобили кои експлодираат
Речиси секое тркање со автомобили на филмовите завршува со автомобил кој експлодира во воздухот. Понекогаш автомобилите излетуваат од патот без некоја посебна причина и веднаш експлодираат без посебна провокација.
Бензинот може да направи автомобилот да се запали после тешка сообраќајка, меѓутоа многу потешко би се случило автомобилот да експлодира.
4. Инстанта смрт од еден куршум
Колку сцени сте гледале во кои некој е погоден од еден куршум и веднаш умира во истата секунда? Во вистинскиот живот сепак тоа зависи од видот на оружјето и од куршумот. Исто така, човекот кој ќе се погоди со куршум, не се подига од земјата и не лета низ воздухот. Ако тоа би било вистина исто така и тој што пука, би летнал во спротивната насока.
Единствен начин на кои може во секунда да се убие некого е ако куршумот веднаш заврши во мозокот или на рбетниот мозок. Дури и кога жртвата е погодена директно во срцето, требаат барем неколку минути пред целосен колапс, а во меѓувреме мозокот уште испраќа сигнали на телото што го прави телото подвижно.
5. Тивко пукање
Секако, Џејмс Бонд прави да изгледа неверојатно лесно кога пука во некој во соба преполна со луѓе, и бега од местото на злосторство без никој да забележи. Но придушувачот на звук само намалува мал дел од звукот кој се создава кога излегува куршумот од оружјето.
Кога куршумот се движи со толку голема брзина низ собата, звукот е неверојатно гласен. Слично како отварање на шише шампањ, ослободувањето на кинетичката енергија создава гласен звук.
6. Хакирање
Дали сте забележале дека на детективите во филмовите им е потребно помалку од три минути да влезат во трага на повикот, а на хакерите им треба половина од тоа време да хакираат некој компјутер?
Програмирањето е далеку посложено од тоа и најчесто треба околу неколку часеви за да се заврши некоја работа од овој вид. Дури и најдобрите хакери не можат со неколку кликови да влезат во заштитени фајлови со лозинка на големите корпорации за да откријат криминал.
А. В. | Црнобело