Актери кои го жртвувале изгледот за подобро да ја доловат улогата во филмовите
Сите сакаме опуштени вечери исполнети со по некој добар филм кој ќе ни остави одличен впечаток.
Од сценарио, до ефекти, глумата на актерите и секако нивниот изглед со кој најдобро го доловуваат ликот.
Но, за тие да ни го доловат ликот во најдобро можно светло, самите актери прерпуваат многу промени и се жртвуваат себеси и својот изглед.
Погледнете што сѐ направиле актерите за доброто на улогата:
Џорџ Клуни во Syriana
За улогата на CIA агент во филмот Syriana, Клуни се здебелил 14 килограми со посебна паста диета, но одбил да ја избричи косата.
Рајан Гослинг во The Lovely Bones
Рајан требало да се здебели речиси 30 килограми за улогата, но кога тој се појавил на снимањето, режисерот изјавил дека го замислувал ликот поинаку и му ја доделил улогата на Марк Велберг.
Стив Карел во The 40-Year-Old Virgin
За улогата во овој филм тој одлучил вистински да се соочи со депилација на неговите гради – болката и извиците се вистински.
Ен Хатавеј во Les Misérables
Слабата Ен за улогата во овој филм морала уште повеќе да ослабе (11 килограми) за да ја долови подобра изгладнетата проститутка, а потоа ја ишишала и косата.
Бредли Купер во American Sniper
За оваа улога, Бредли качил 20 килограми во мускулна маса, за што тој неколку месеци вежбал секојдневно по 4 часа и јадел по 8.000 калории.
Мајкл Фасбендер во Hunger
За подобро да ја долови улогата во филмот за време на штрајкот за глад, Мајкл ослабел 19 килограми, но внимателно ги следел советите на нутриционистите за да не си наштети на здравјето.
Шаја Лабаф во Fury
За целосно да се соживее со улогата, тој не само што не се миел 16 недели, туку и отстранил здрав заб, а друг интересен факт е дека за време на снимањето ја променил религијата од Јудаизам во Христијанство.
М. М. | Црнобело