10 инспиративни филмови кои ќе ви го променат животот
Super Size Me (2004)
Интересен документарен филм со комичен, но вистинит пристап кон индустријата за производство на брза, нездрава и процесирана храна. Што ќе се случи доколку цел еден месец јадете храна исклучиво од МекДоналдс?
Wild (2014)
Жена чиј живот е емоционален бродолом и не може да го најде вистинскиот излез, а воедно се соочува со трагедијата на губење на својата мајка, решава да ја испешачи најдолгата патека од 1.770 km во Америка позната како Pacific Crest Trail, иако нема никакво искуство поврзано со природата.
A Street Cat Named Bob (2016)
Животот на еден музичар и поранешен зависник од дрога со менува од корен кога на неговата врата ненадејно ќе се појави огромен необичен портокалов мачор.
Cloud Atlas (2012)
Филмот кој е како сложувалка од минатото, сегашноста и иднината совршено илустрира како одлуките и постапките од овој живот обликуваат нечиј друг во иднината и како еден човек во овој живот може да биде херој, а во некој друг ладнокрвен убиец.
The Pursuit of Happyness (2006)
Силата и издржливоста на еден татко кој се обидува да се грижи за својот син и да ги оствари нивните соништа за еден подобар и посреќен живот.
(О)Милена | Црнобело