Најдобрите филмови во декадата 2000-2010 година
Време е за уште една одлична филмска вечер, а нашиот предлог е да ја исполните со најдобрите филмови од првата декада на 21-от век.
Новиот милениум несомнено донесе многу возбудливи и квалитетни филмски наслови. Доколку сте пропуштиле некој од следниве 10 филмови, топло ви препорачуваме да ја поправите грешката.
Доколку веќе сте ги изгледале, нема да направите пропуст ако ги погледнете повторно:
Requiem for a Dream (2000)
Брилијатниот Аронофски нè води во вртлогот на четирите главни ликови чии животи неповратно се менуваат поради употреба на дрога.
Amélie (2001)
Амели е слатка, по малку чудна, но во суштина прекрасна млада девојка со своја смисла за правдина. Кога ќе реши да им помогне на луѓето околу неа, случајно ќе пронајде љубов за себеси.
City of God (2002)
Две момчиња кои растат во насилно опасно гето во Рио Де Женеиро ќе доживеат сосема поинаква судбина: едниот станува фотограф, а другиот дилер на дрога.
Lost in Translation (2003)
Поранешна филмска ѕвезда која ја загубила некогашната слава и млада осамена и запоставена девојка се здружуваат и формираат необично топло пријателство во Токио.
Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004)
Љубовна двојка која веќе не може да ја поднесе врската се решава да се подложи на третман кој ќе им ја избрише меморијата дека некогаш се сакале и биле заедно. Но може ли да се избрише љубовта?
Brokeback Mountain (2005)
Потресна, тажна љубовна приказна за двајца каубојци, чии погрешни избори кога станува збор за обврзување, ќе им ги сменат животите засекогаш, но и нивната забранета љубов.