Нема нов Џејмс Бонд! Даниел Креjг во уште едно продолжение
Иако по снимањето на „Spectre“ изјави дека не сака повторно да се појави во улогата на најпознатиот таен агент, изгледа дека Британецот почнува да се предомислува.
Неговата изјава кога го прашаа дали би снимал 5-ти филм, беше: „Сега? Попрвин би скршил чаша и би си ги исекол вените. Не, не во моментов. Не воопшто. Тоа е во ред. Не ми е дојдено до тоа. Завршено е. Сѐ што сакам е да продолжам понатаму.“
Подоцна, актерот кажа дека ако снима уште еден Бонд филм, тоа би било само заради парите.
Сепак, изгледа дека и после сите изјави, тој прифатил повторно да биде 007 агент, но според гласините, за да се врати во филмот на актерот му биле понудени 150 милиони долари, што ја валидизира неговата претходна изјава дека би се вратил само за парите.
Овие гласини за исплатата не се официјално потврдени, а постојат и други гласини, кои велат дека продуцентот на „Bond“ сака повторно да ја поврзе Адел со филмот, чија песна за „Skyfall“ донесе многу награди.
М. М. | Црнобело