7 одлични филмови кои ќе ве натераат да веруваат во подобро утре
Не е тешко да почувствувате дека не се движите никаде, дека ништо убаво не ви се случува и дека утре ќе биде само уште еден напорен ден.
Ако чувствувате дека „подоброто утре“ никогаш нема да дојде за вас, време е да направите филмски маратон.
Меланхолијата и тагата се откажуваат после само 1 изгледан филм од листата:
3 Idiots, 2009
Боливудски филм кој раскажува наивна приказна за пријателството, за вредностите и секако, љубовта.
Mr. Church, 2016
Филм кој вреди да го изгледате ако сакате да се изненадите од необичната улога во која се наоѓа Еди Марфи.
Belle et Sébastien, 2013
Прекрасно сценарио, снимано на уште поубави локации, живописно и директно глумење... Заедно со француската музика, ова е одличен избор за целото семејство.
The Legend of Bagger Vance, 2000
Ако верувате во запознавања со причина и менување на животот преку ноќ, задолжително изгледајте.
The Boys Are Back, 2009
Семејна приказна на еден самохран татко и неговите две дечиња, по смртта на нивната мајка и сопруга. Одличен избор доколку во скоро време сте изгубиле близок човек.
https://www.youtube.com/watch?v=2JYlAUtHdxs
The Blind Side, 2009
Филм кој повеќепати ќе ве наежи до солзи. Необична приказна за дете чиј живот се трансформира само затоа што некој верува во него и неговите можности.
Under the Tuscan Sun, 2003
Преживувајќи развод, Френсис решава да отпатува во Италија, во една стара Тосканска вила. Филмот е прекрасен прво заради италијанскиот шмек, а потоа и за животната приказна која е многу честа.
https://www.youtube.com/watch?v=moqovwrR_gE&t=55s
М. Д. | Црнобело