Актери од успешни ТВ серии кои не можеле да поднесат да работат заедно
Сите имаме омилени актери од ТВ сериите, кои ги сакаме поради улогите и односот што го градат низ епизодите.
Но, очигледно, кај многу од нив, таа хемија ја нема и во приватниот живот.
Погледнете ја листата на познати глумци кои не можеле да поднесат да работат еден со друг.
Нејтан Филион и Стана Катиќ – Castle
Чудно е тоа што Кесл и Бекет наводно се мразат во приватниот живот. Очигледно работите помеѓу нив биле толку лоши, што морале да одат на советувања, а според извор, тие надвор од снимањата воопшто не зборувале меѓусебно.
Сара Џесика Паркер и Ким Катрал - Sex and the City
Во серијата глумат најдобри пријателки, но за жал во приватниот живот тие не ја делат врската на Саманта и Кери. Работите многу повеќе се влошиле кога Ким дознала дека хонорарот кој го зема Паркер е значително поголем од сите останати.
Т.Р. Најт, Исаија Вашингтон и Патрик Демпси - Grey's Anatomy
Сигурно сте запознаени со отпуштањето на Вашингтон од серијата поради хомофобичната навреда кон Најт. Но, она што е помалку познато е дека овој коментар бил даден кога Вашингтон се впуштил во тепачка со Патрик за време на снимањето.
Тери Хачер и Марша Крос - Desperate Housewives
На „Вистерија Лејн“ очигледно не одеше сѐ како што треба... На многумина им е познато дека Тери не била блиска со никој на снимањето на оваа серија, што го потврдува и Ева Лонгорија, но посебно во лоши односи била со Марша Крос.
Односите им се вжештиле кога на една фотосесија Крос се изнервирала, бидејќи Хачер била во центарот на вниманието.
Алиса Милано и Шенон Доерти – Charmed
Шенон очигледно тешко се справувала со нејзините сестри-колешки. Иако тие глумат блиски сестри во серијата, во приватниот живот имале многу конфликти. Алиса изјавила дека имало многу несогласувања за време на снимањето, но никогаш не дознале зошто Шенон го напушти шоуто.
Блејк Лајвли и Лејтон Мистер - Gossip Girl
Очигледно Серена и Блер не биле во добри односи, а тоа го потврдува изворот кој кажал дека Блејк не ѝ честитала на Блејк за нејзината веридба со Адам Броди. „Тие не зборуваат повеќе, но мислам дека тоа е зошто и двете се среќни што веќе не мора да поминуваат по 18 часа дневно заедно.“ – изјавува изворот.
М. М. | Црнобело