Филмско попладне: Акции каде жените се главни херои
Акциите сега не се резервирани само за мажите, туку во новите, па и некои постари филмови ќе сретнете и многу храбри хероини кои не се плашат да се соочат и да се борат против злото.
Новиот „Wonder Woman“ е само дел од тие филмови каде жените се напред и во центарот на акцијата и вниманието.
Ви предлагаме уште неколку филмови кои можете уште денес да ги погледнете:
1. „Lara Croft: Tomb Raider“
Меѓу првите храбри жени кои ги гледавме на филмското платно беше Анџелина Џоли во улогата на Лара Крофт. Кој може да го заборави овој филм? Сепак, вреди да се погледне уште еднаш.
2. „The Hunger Games“
Филм кој одлично прикажува силен женски протагонист, а Џенифер Лоренс одлично ја глуми својата улога.
3. „G. I. Jane“
Ако не сте имале можност да ја погледнете Деми Мур во овој филм, тогаш ви предлагаме побрзо да седнете пред малите екрани и да ја погледнете оваа акција.
4. „The Heat“
Ако сте за акција во комбинација со комедија, тогаш овој филм е одлична идеја за вас.
5. „Charlie’s Angels“
Да се потсетиме и на чарлиевите ангели. Кој може да ги заборави трите храбри дами кои го спасуваат целиот свет?
Што од ова ќе гледате уште сега?
Н. Г. | Црнобело