Препорачуваме: Топ 10 филмови од Кански 2017-та
Оваа година Канскиот филмски фестивал започна на 17-ти мај 2017-та, а на него ќе бидат претставени, како што е вообичаено, добри филмови кои секој вреди да ги погледне.
Ова се 10-те најдобри филмови од Кански 2017:
1. „Based on a True Story“
Во режија на: Роман Полански
Четири години после неговиот последен филм, Полански направи еротски филм за писател кој е во врска со опсесивен фан.
2. „Claire’s Camera“
Во режија на: Хонг Санг-Со
Еден од најуспешните корејски режисери сними филм за време на минатогодишниот Кански фестивал заедно со Изабел Хупер кој очекуваме да биде одличен.
3. „Happy End“
Во режија на: Мајкл Ханеке
Филмот на Мајкл ја разгледува ситуацијата со имигрантите во Европа од гледната точка на едно богато семејство.
4. „How to Talk to Girls at Parties“
Во режија на: Џон Камерон Мичел
Мичел се враќа на режисерското столче после 7 години отсуство со „How to Talk to Girls at Parties“ кој е базиран на кратка приказна на Нил Гајман каде две момчиња се во потрага по љубов.
5. „Jeannette: The Childhood of Joan of Arc“
Во режија на: Бруно Димон
Бруно на сосема уникатен начин ја раскажува приказната за Јованка Орлеанка.
Уште 5 филмови на следната страна...