11 грешки во филмовите кои останаа незабележани додека првпат ги гледавме
Сите си имаме филмови кои ги обожаваме, но тоа не значи дека тие филмови не биле направени со одредени грешки.
Да погледнеме неколку филмови и малите грешки во деталите кои еднаш штом ќе ги видите, не остануваат незабележани, во случај повторно да го гледате филмот:
1. „Iron Man 2“
На почетокот на филмот, Тони Старк е во бела кошула, а веќе следната сцена „успеа да се пресоблече“ во црна.
2. „Deadpool“
За време на спектакуларниот скок на Дедпул во една сцена успева да биде и со и без катаните.
Во една иста сцена, тетоважата на Ванеса исчезнува и повторно се појавува.
3. „Forrest Gump“
Во сцената каде Форест ја посетува Џени таа пегла, но еднаш пеглата е спуштена, а другпат крената.
4. „Harry Potter and the Sorcerer's Stone“
Кога Петунија Дадли му честита роденден на Дадли, можете јасно да го видите микрофонот под нејзината маица.
Хари Потер во една иста сцена седи и до Рон и до Хермиона.
5. „Titanic“
Бенката на Роуз еднаш е на лева, другпат на десна страна.
Кога роуз крши стакло за да дојде до секира и да го ослободи Џек од лисиците, во една иста сцена стаклото е целосно искршено и повторно се враќа назад.
6. „Pulp Fiction“
Пред адреналинската инјекција, Винсент назначува со црвен маркер каде треба да биде ставена, а веќе во следната сцена кога Миа ќе стане, точката од маркерот ја нема.
Кога Миа нарачува храна во една иста сцена успева да ја смени цигарата од левата во десната рака.
7. „Fifth Element“
Пред да скокне Лилу во една сцена има шини и поминува воз, а во другата кога веќе скокнува шините исчезнуваат.
Н. Г. | Црнобело