10 филмови чии среќни краеви се една голема лага
Кога филмовите ќе завршат на интересен начин, фановите често знаат да бидат поттикнати и да креираат свои теории за тоа како продолжуваат понатаму настаните.
Овие 10 филмови дефинитивно имаат интересен крај, но и уште поинтересни претпоставки за тоа што се случува понатаму:
1. „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“
Крајот на филмот: Џоел и Клементина додека слушаат музика решаваат да си ги избришат сеќавањата и да почнат од почеток.
Реалниот крај: Реалноста е дека така сигурно ќе си го уништат животот. Во филмот веќе тројца завршуваат со неможност да најдат љубов, уништена кариера и трауми.
2. „Avatar“
Крајот на филмот: Џејк успева да го спаси животот на Пандора и луѓето да ги врати назад на Земјата. Среќен крај за Нави народите.
Реалниот крај: Но, не и за луѓето. Ановтаниумот им е потребен за да ја спасат својата планета. Џејк всушност ја осудува Земјата на пропаст.
3. „(500) Days of Summer“
Крајот на филмот: Том става крај на врската со Самер и оди да се вработи во архитектонска фирма, таму ја запознава Отм и почнува нов циклус.
Реалниот крај: Реалноста е дека тој се враќа на самиот почеток и голема е веројатноста и таа врска да заврши неуспешно.
4. „Django Unchained“
Крајот на филмот: Џанго се враќа дома и ја спасува сопругата.
Реалниот крај: Тоа што бега од богат убиец не го става во добра позиција, неговото лице е на секој постер за „најбарано лице“ и мала е шансата дека ќе успее да се спаси.
https://www.youtube.com/watch?v=eUdM9vrCbow
5. „Harry Potter and the Deathly Hallows: Part II“
Крајот на филмот: Хари Потер го победува Волдеморт.
Реалниот крај: Хогваартс е во урнатини, а многу волшебници се мртви. Светот на магијата е буквално на работ од целосно распаѓање.
Уште 5 филмови со потажен крај на следната страна...