Кои се добитниците на Оскарите за 2017-та година?

Заврши уште едно феноменално издание на Оскарите, кое повторно блесна со својата грациозност и елеганција. На тапет повторно беа луѓето инволвирани во филмската индустрија кои со нетрпение очекуваа да го слушнат своето име за да посегнат по една од најпрестижните награди – Оскарот.

koi-se-dobitnicite-na-oskarite-2017-0001.jpg

Доколку не успеавте до крај да ја проследите оскаровската ноќ, во продолжение е листата на сите добитници на оскар за оваа година:

Најдобар филм: „Moonlight”- „Месечева светлина”

Најдобар актер во главна улога: Кејси Афлек („Manchester by The Sea” -„Манчестер Покрај Морето”)

Најдобра актерка во главна улога: Ема Стоун („La La Land” - „Ла Ла Ленд”)

Најдобар режисер: Дејмиен Чазел („La La Land” - „Ла Ла Ленд”)

Најдобра споредна женска улога: Виола Дејвис („Fences”- „Огради”)

Најдобра споредна машка улога: Махершала Али („Moonlight”- „Месечева светлина”)

Најдобар краткометражен анимиран филм: „Piper” („Пајпер”)

Најдобар долгометражен анимиран филм: „Zootopia” („Зоотропола”)

Најдобар краток игран филм: „Sing” („Пеј”)

Најдобра краткометражен документарен филм: „The White Helmets” („Белите шлемови”)

Најдобар документарен филм: „OЈ Made in America” („OJ направено во Америка”)

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „The sales man” - „Продавач” (Иран)

Најдобра оригинална филмска песна:  „City of lights” („La La Land” - „Ла Ла Ленд”)

Најдобра оригинална музика за филм: „La La Land” („Ла Ла Ленд”)

Најдобри визуелни ефекти: „The Jungle Book” („Книга за Џунглата”)

Најдобар продукциски дизајн: „La La Land” („Ла Ла Ленд”)

Најдобра костимографија: Fantastic Beasts and Where to Find Them” („Фантастични Ѕверки и Каде да се Најдат”)

Најдобра монтажа на звук: „Arrival” („Пристигнување”)

Најдобарa монтажа на звучни ефекти: „Hacksaw Ridge” („Гребенот на Спасените”)

Најдобра шминка и фризура: „Suicide squad” („Одредот на Отпишаните”)

Најдобра филмска монтажа: „Hacksaw Ridge” („Гребенот на Спасените”)

Најдобар директор на фотографија: Линус Сандгрен („La La Land” - „Ла Ла Ленд”)

Најдобрo сценарио : „Manchester by The Sea” („Манчестер Покрај Морето”)

Најдобрo адаптирано сценарио: „Moonlight” („Месечева светлина”)

Доколку не сте одвоиле време да ги изгледате филмовите кои беа номинирани, ви предлагаме тоа да го направите што поскоро, бидејќи и оние кои се закитија со најпрестижните наградни, но и оние кои не успеаа да го соберат Оскарот се феноменални дела кои апсолутно го заслужуваат вашето внимание.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 одлични филмови каде главниот лик е негативец Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg