Актери раскажуваат како изгледа снимањето на секс сцени
Професионалните актери нема што не можат да изведат на филмското платно, за некој милион плус.
Бидејќи сексот продава - ретко кој би одбил секс сцена.
Овие 6 актери не одбиле, но искрено раскажуваат какво било искуството:
Blue Valentine
Актери: Рајан Гослинг, Мишел Вилијамс
„Прво го снимавме почетокот на врската, и беше забавно. Но, потоа стигнаа на ред секс сцените и беше... токсично. Мислам дека снимањето траеше со вечно. Имав долг пат до дома секоја ноќ, па пуштав гласна музика додека возев и ја вадев главата низ прозор (понекогаш и врескав) за да заборавам на мачната работа.“ - Мишел Вилијамс
No Strings Attached
Актери: Натали Портман, Ештон Качер
„Секогаш го има оној чуден момент на дали ова е во ред? А ова? Вака може? И потоа се преправаш дека ништо не се случило. Тогаш гледаш колку си успеал како актер.“ - Ештон Качер
Gone Girl
Актери: Розамунд Пајк, Нил Патрик Харис
„Сама си со маж кој не е твој сопруг, а исто така има сопруг... тој е во долна облека, ти си во долна облека, и скокате на кревет.“ - Розамунд Пајк
Black Swan
Актери: Натали Портман, Мила Кунис
„Тешко е да снимаш секс сцена. Точка. Не е важно дали е со пријател, маж или жена. Околу тебе имаш најмалку уште 100 лица, светла, па те местат... нема никаков комфор.“ - Мила Кунис
Crank: High Voltage
Актери: Џејсон Статам, Ејми Смарт
„Да се обидуваш да имаш агресивен секс на камера е тешко. Посебно ако се одвива на јавно место со гужви, луѓе кои врескаат, мобилни телефони кои се вперени во тебе и ти го снимаат голиот задник.“ - Џејсон Статам
Passengers
Актери: Џенифер Лоренс, Крис Прат
„Кога публиката ги гледа секс сцените си мисли колку сето тоа е жешко и секси, но реалноста е дека актерите се трапави за време на нивното снимање. Инаку, Крис е одличен џентлмен. Се обиде да ми биде удобно бидејќи ова не беше негова прва секс сцена. Пред снимањето ме покани на чаша вино за да се релаксирам. Се согласив.“ - Џенифер Лоренс
М. Д. | Црнобело