Актери кои биле номинирани за Оскар за помалку од 30 минути глума

Да добиете номинација за Оскар не е мала работа, ниту едноставна.

akteri-koi-bile-nominirani-za-oskari-otkako-se-pojavile-30-minuti-ili-pomalku-vo-filmovite-01.jpg

Но, сепак, постојат неколку актери кои се појавиле во филм за помалку време отколку што ви е потребно да си нарачате кафе или храна, а добиле номинација за Оскар, па дури и златна статуетка.

7 такви примери:

1. Никол Кидман

Никол Кидман воодушеви со својот настап како Вирџинија Вулф во филмот „Hours“ и со себе ја понесе наградата за најдобра актерка, а на екраните се појави само 28 минути. Сепак, и тоа беше доволно да ги засени своите колешки Мерил Стрип и Џулиен Мур.

akteri-koi-bile-nominirani-za-oskari-otkako-se-pojavile-30-minuti-ili-pomalku-vo-filmovite-1.jpg

2. Дејвид Нивен

Британскиот актер Дејвид Нивен го освои својот прв и единствен Оскар за најдобар актер за неговата улога од 1958-та година во „Separate Tables“. Во филмот е појави само 16 минути како ветеран кој престојува во приморски хотел во Велика Британија.

akteri-koi-bile-nominirani-za-oskari-otkako-se-pojavile-30-minuti-ili-pomalku-vo-filmovite-2.jpg

3. Џуди Денч

Култната британска актерка сите ги собори на колена со нејзината изведба како студената кралица Елизабета I во „Shakespeare in Love“. И иако во филмот се појавува само 8 минути, Денч ја доби наградата за најдобра споредна женска улога на доделувањето на Оскарите во 1999-та година.

akteri-koi-bile-nominirani-za-oskari-otkako-se-pojavile-30-minuti-ili-pomalku-vo-filmovite-3.jpg

4. Виола Дејвис

Виола Дејвис целосно ја засени Мерил Стрип во „Doubt“, па затоа и заврши со номинација за најдобра актерка во споредна улога на Оскарите во 2009-та година. Таа не ја зема наградата, ама без сомнение ќе остане запаметена заради улогата која ѝ траеше само 8 минути.

akteri-koi-bile-nominirani-za-oskari-otkako-se-pojavile-30-minuti-ili-pomalku-vo-filmovite-4.jpg

5. Ентони Хопкинс

„Silence of the Lambs“ водеше на Оскарите во 1992-та година со победите за најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио, најдобар режисер, најдобра актерка и за најдобар актер која припадна на Ентони Хопкинс. Тој во филмот го глуми серискиот убиец Ханибал Лектор и се појавува во филмот само 15 минути.

akteri-koi-bile-nominirani-za-oskari-otkako-se-pojavile-30-minuti-ili-pomalku-vo-filmovite-5.jpg

6. Ен Хатавеј

Ен Хатавеј со себе ја понесе наградата за најдобра актерка во споредна улога во 2013-та година за 15-минутната улога како Фантина во „Les Misérables“.

akteri-koi-bile-nominirani-za-oskari-otkako-se-pojavile-30-minuti-ili-pomalku-vo-filmovite-6.jpg

7. Џаред Лето

Лето го освои Оскарот за најдобар актер во споредна улога за неговата глума во „Dallas Buyers Club“ во 2014-та година како ХИВ-позитивен транссексуалец. Во филмот се појавува само 21 минута.

akteri-koi-bile-nominirani-za-oskari-otkako-se-pojavile-30-minuti-ili-pomalku-vo-filmovite-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg