Филмови кои ве оставаат со повеќе прашања, отколку одговори
Од брзиот начин на живеење, често немаме време да сопреме и да размислиме за животот и неговото значење или да ги погледнеме работите од друга перспектива.
Но, од време навреме, филмовите можат да ни помогнат да допреме до сопствениот внатрешен глас и да се подразмислиме.
Филмови кои нè оставаат со повеќе прашања отколку одговори...
Како:
1. „The Giver“
Улоги: Мерил Стрип, Тејлор Свифт, Кејти Холмс, Џеф Бриџис
Приказна: Младиот Џонас живее во високо цивилизирано општество во иднината. Нема војни, болка, радости, сеќавања...
2. „Leaving Las Vegas“
Улоги: Николас Кејџ, Елизабет Шу
Приказна: Бен го следи лоша среќа, а животот му станува толку мрачен што наликува на бесмислено постоење.
3. „Coherence“
Улоги: Емили Балдони, Маури Стерлинг, Никола Брендон...
Приказна: На денот кога паѓа комета, 8 пријатели се собираат на вечера. Уживаат во друштвото, а воопшто не се ни свесни за промените кои доаѓаат.
4. „The Final Cut“
Улоги: Робин Вилијамс, Мира Сорвино, Џим Кавизел
Приказна: Во блиска иднина, повеќето луѓе живеат со вградени чипови во глава кои служат да ги поправат сите аспекти од нивниот живот. Алан е уредник кој ја „средува“ финалната верзија на човечкиот живот...
5. „Dot the I“
Улоги: Гаел Гарсија Бернал, Том Харди
Приказна: Вечерта пред нејзината свадба, Кармен без да размислува бакнува странец. Токму тој бакнеж ќе открие страст каква што никогаш претходно не почувствувала.
Уште 5 филмови на следната страна...