Најромантичните актери и филмови на сите времиња
Некои од најголемите и култни филмови во кои најмногу сме уживале во последниве неколку децении се романтичните комедии.
Но, точно кои романтични комедии ни се омилени и во кои ликови сè уште сме заљубени?
Според истражување направено на 2.000 испитаници од „Elite Singles“, на прво место на листата е филмот „Pretty Woman“ и секако, актерите Ричард Гир и Џулија Робертс.
На второ место е филмот „Love Actually“.
Меѓу омилените актерки на листата се најдоа и Џенифер Анистон на второ место, Одри Хепберн на трето, Сандра Булок на четврто и Мег Рајан на петто место.
Покрај Ричард Гир, на второ место е Патрик Свејзи, на трето Хју Грант, на четврто е Роберт Редфорд, а на петто Рајан Гослинг.
Кои се топ 10-те романтични филмови на сите времиња?
1. „Pretty Woman“
2. „Love Actually“
3. „When Harry Met Sally“
4. „Bridget Jones“
5. „Four Weddings and a Funeral“
6. „The Holiday“
7. „Notting Hill“
8. „Sleepless in Seattle“
9. „Breakfast at Tiffany's“
10. „The Notebook“
Н. Г. | Црнобело