Кога во Скопје владее филмска магија – 10 дена во кино

Пропуштени часови по вежбање, пропуштени часови на факултет, танц, пропуштено друштво за кафе, вино, пиво, виски... пропуштен афтер ворк, кафана после работа со целодневна пијанка - сето ова за да се стигне навреме и да се ужива во омилениот европски филм, да се ужива во Cinedays.

koga-vo-skopje-vladee-filmska-magija-10-dena-vo-kino-001.jpg

Собрани во право време и на право место - пријатели, колеги, парови, а некој сам со себе. Полека влегуваат во кино салата со предвреме купени карти и одеднаш веќе сите места се зафатени. Сите погледи се вперени кон големото платно и секој со жар во очите го набљудува и гледа филмот, внимателно ја следи секоја сцена и во позадина го чувствува звукот кој одекнува гласно и допира на начин како што тоа не може да го направи било кој торент.

Тоа се Cinedays, не собираат на едно место, гледаме, уживаме и излегуваме во кино салите. Некој оди на пијачка за да го дораскаже, анализира и искоментира филмот, комплетиран со режија, сценарио, музика, фотографија, а на друг му е доволно да биде сам со себе од што му е исполнета душата со филмска еуфорија.

Секој филм на различен начин допира до нас оставајќи не’ без здив без глас, викаме, плачеме, тагуваме, се смееме, се радуваме... проткаен од една страна со приказни полни раскош, слава, богатство и убавина и од друга страна приказни со беда, сиромаштија и очај, но сепак тоа е животот кој секој од нас го живее, се пронаоѓа и се поистоветува со ликовите.

Секој од нас е сопствен сценарист и режисер на својот живот, секој од нас со невидливо мастило ја пишува својата приказна и ја одигрува, а притоа давајќи и свој печат... Гледајќи го сето ова ние сме режисери и глумци на нашите животи, ние сме нечија инспирација за многу маестрални дела, затоа постојат филмовите - од нас и за нас.

Не е лесно да се набљудува и следи целиот репертоар на Cinedays со прецизно одбрани режисери и филмови кои за момент  ни удираат силна шлаканица, не’ замислуваат, не’ освестуваат и се запрашуваме..па и јас го живеам овој живот зачинет со социјална, животна и љубовна приказна и драма...дали јас го живеам Патерсон во мене, дали сум спремен на промени, дали и друг има невозвратена љубов.

Cinedays е еден од ретките добри настани во нашиов град, настан кој потсетува дека ни е преку глава од Холивудските филмови, дека делата кои потекнуваат од Европа донесуваат вистинска свежина во филмската уметност. Cinedays не’ поврзува давајќи ни можност да се видиме, насмееме и да излеземе од секојдневниот шаблон и ритуал проследен со кафе муабет и пијачка и да се видиме пред кино сала да си поприкажеме стоејќи на сувиот студ во екот на филмската еуфорија.

Дo следната средба догодина, остануваме желни за нови приказни, побројни и уште поеуфорични.

С. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg