Афера – најдобрата драма на годината носи уште повеќе перспективи, уште повеќе уживање
Сѐ уште не знаеме кој го убил Скоти Локхарт, но премиерата на третата сезона на „Афера“ е зацртана, а Pickbox има ексклузива за серијата, па така таа мистерија дефинитивно ќе ја откриеме на 21.11. Наградуваната драма која ги разоткрива љубовните односи, ги уништува браковите и од чесни луѓе прави прељубници, се враќа во голем стил и има по нешто за секој од вас.
Серијата Афера (The Affair) е добитник на три награди „Златен глобус“, а во своите редови ги има актерите Доминик Вест, Џошуа Џексон, Мора Тиерни и Рут Вилсон, сите големи и наградувани имиња, со серии како „Нарко-мрежа“, „Лутер“ и „Итна служба“ зад себе. Серијата ја направија веќе искусните сценаристи и продуценти Сара Трим и Хагај Леви кои веќе имаат заедно работено на серијата „Третман“ и чии имиња се синоним за добра серија.
Аферата од перспективата на прељубникот и измамениот
Освен што зарази маса гледачи и има свои поклоници, на „Афера“ дефинитивно мора да ѝ се признае дека гледањето серии го однесе на едно друго ниво, а на гледачите им донесе многу повеќе од едноставна разонода и ги вовлече во светот на разоткривањето на човечките односи, што тешко може да се напушти и кога епизодата ќе заврши. Така што оваа генијално снимена емотивна студија за сложените вонбрачни врски тешко може да се спореди со сите серии што сме ги виделе досега. На гледачите најпрво им се раскажува приказната од една перспектива и токму кога гледачите го носат својот суд за прељубникот и за измамената, приказната добива нова перспектива – ситуација видена низ очите на другиот лик.
Британските актери доминираат во Холивуд
Тоа што тргнува едноставно – вонбрачна врска помеѓу надежниот писател Но Саловеј (Доминик Вест) и келнерката Алисон (Рут Вилсон) која преживеала семејна трагедија – се разгранува во нешто сложено и интригантно. Нека не ве залажува беспрекорниот американски акцент на двајцата прељубници затоа што и двајцата се Британци кои се претвориле во Американци за потребите на улогите. „Никој од нас двајца не е доволно професионален да остане во ликот, па си муабетиме со британски акцент, а потоа почнуваме да глумиме со американски. Веројатно затоа сме поевтини, а и воодушевени сме што сме тука, па воопшто не се жалиме“, се пошегува Вест.
Прељубата сѐ уште е табу
Додека првите две сезони на „Афера“ се концентрираа на врската помеѓу Алисон и Но, на мистеријата на Скоти Локхарт, како и на перспективата на Кол и Хелен за состојбата на работите, постојат многу можности и правци во кои може да ве однесе серијата во третата сезона. Ако во првата и втората сезона внимателно сте ги следеле односите и прескокнувањата од една перспектива во друга, третата за вашите умови би можела да биде уште попредизвикувачка затоа што, како што изгледа, приказната сѐ уште ни приближно не е раскажана и ќе има уште скокање од сегашноста во минатото и повторно назад.
Една од причините поради кои Рут Вилсон ја прифати главната улога во „Афера“ беше нејзината желба да го разоткрие табуто на измамата на партнерот, односно пред публиката да ја преиспита стигмата која ги следи прељубниците. „Хакирана е веб-локацијата ’Ешли Медисон‘, а 37 милиони луѓе биле пријавени на таа страница за неверство, па некако укажува на фактот дека аферите се случуваат многу често. Таквото однесување го стигматизираме, но во реалноста го прават толку многу луѓе“, изјави Вилсон.
Гледајте ја серијата директно на Pickbox или во склоп на Pickbox видеотеката на Max tv.