Кара Делевињ и Ријана главни ѕвезди во новиот филм на Лук Бесон
Лук Бесон кого го препознаваме како режисерот на култниот научно-фантастичен филм „Петтиот елемент“ со Мила Јововиќ и Брус Вилис во главните улоги, овојпат подготвува уште едно моќно изненадување за љубителите на седмата уметност.
Најавата за новиот филм чиј наслов е „Валеријан и Градот од илјада планети“ (Valerian and the City of a Thousand Planets), беше објавена пред 18 месеци и конечно можеме да го видиме првиот трејлер:
Ова филмско остварување на Бесон е огромен буџетски римејк на францускиот комичен стрип од 1960-та година „Valerian and Laureline“.
Во главните улоги се појавуваат Кара Делевињ и Дејн ДеХан, кои портретираат двајца владини агенти кои патуваат низ времето и треба да спасат галактичка империја на која ѝ се заканува уништување.
Клајв Овен и Итан Хоук исто така се појавуваат во филмот, како и Ријана во улога на секси кабаре танчарка:
Премиерата на „Валеријан и Градот од илјада планети“ е закажана за 21-ви јули, 2017-та година.
(O)Милена | Црнобело