Талентирани актери кои одлично можат да одглумат и негативец и херој
Потребно е да имате талент за да бидете актер, но за одберете било каква улога и да ја одглумите како да сте самиот лик, тогаш е потребно да имате навистина посебен талент.
Само оние посебно надарените актери можат да се стават во кожата на било кој лик - добар или лош, и на нив да гледаме како на херој или негативец.
Пример за така добар талент се овие 10 актери и актерки кои можат совршено добро да се соживеат со улогата на негативец кој ја заледува крвта, но и да глумат принципиелни личности кои заслужуваат почит:
1. Хелена Бонхам Картер
„Harry Potter and the Half-Blood Prince“ (2009) / „The King’s Speech“ (2010)
Хелена совршено добро се вклопуваше во улогата на Белатрикс Лестрејнџ, но и во улогата на скромна кралица во филмот „The King’s Speech“ за кој беше номинирана и за Оскар.
2. Џони Деп
„Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street“ (2007) / „Edward Scissorhands“ (1990)
Џони Деп толку реално ја доловува улогата на бербер убиец што самиот воопшто не сакал да гледа како изгледа во филмот. Од друга страна, ликот на Едвард е сосема спротивен од оној на Свини Тод.
3. Џек Николсон
„The Shining“ (1980) / „One Flew Over the Cuckoo’s Nest“ (1975)
Џек Николсон совршено добро ја глуми улогата на нормален лик кој се претвора во психопат во филмот „The Shining“, а од друга страна, во филмот „One Flew Over the Cuckoo’s Nest“ играше улога на човек кој се преправа дека е ментално болен. За вториот го доби својот прв Оскар за најдобар актер во главна улога.
4. Анџелина Џоли
„Maleficent“ (2014) / „Lara Croft: Tomb Raider“ (2001)
Лошата вештерка од Заспаната убавица цел живот ја плашела Анџелина, па не е ни чудно што успеа така добро да ја одглуми во „Maleficent“. Од друга страна, сите добро ја паметиме во улогата на храбрата Лара Крофт.
5. Ралф Фајнс
„Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 2“ (2011) / „The Grand Budapest Hotel“ (2014)
Актерот совршено добро ја глумеше улогата на злобниот Волдеморт, но вреди да се погледне и неговата улога во „The Grand Budapest Hotel“.
6. Гери Олдман
„Dracula“ (1992) / „Harry Potter and the Order of the Phoenix“ (2007)
„Dracula“ беше филм по кој Гери Олдман се прослави. Според критичарите, Олдман е како создаден да глуми негативци. Но, овој актер е совршен добар и во улогата на добри ликови.
7. Арнолд Шварценегер
„Terminator“ (1984) / „Kindergarten Cop“ (1990)
Терминарот е еден од ретките ликови кои се дефинираат истовремено и како добри и лоши, а Арнолд Шварценегер стана добро познат токму по оваа улога. Но, никој не може да го заборави и неговото глумење во „Kindergarten Cop“.
8. Бред Пит
„Fight Club“ (1999) / „Troy“ (2004)
Тајлер Дурден, инспиративен лик од „Fight Club“ е истовремено и ликот по кој Бред Пит стана славен, но и улогата на Ахил се смета за една од неговите најдобри. Бред тренирал цели 6 месеци за да изгледа како „грчка статуа“.
9. Шарлиз Терон
„Snow White and the Huntsman“ (2012) / „Mad Max: Fury Road“ (2015)
Неверојатно злобна кралица, но истовремено и храбар лик од Лудиот Макс. Шарлиз Терон е една од оние ретки актерки кои можат совршено добро да ја одглумат било која улога.
10. Ентони Хопкинс
„The Silence of the Lambs“ (1991) / „Thor“ (2011)
Ентони се прослави по улогите каде се појавува како некои од најголемите негативци, но за него не е невозможно и да го глуми добриот бог Один во „Thor“.
Н. Г. | Црнобело