Како изгледа снимање на секс сцена со Леонардо ди Каприо?
Дали можете да претпоставите како изгледа снимањето на секс сцена со еден од најзгодните актери на сите времиња? Веројатно би рекле дека претставува прилично интересен момент да бидете блиску залепени до Леонардо ди Каприо.
Но, актерката Маргот Роби која се најде покрај него, во улога на негова сопруга за филмот „Wolf Of Wall Street“ вели дека снимањето на секс сцените со 41-годишниот заводник, вели дека се чувствувала прилично незгодно.
26-годишната актерка која ја играше улогата на Наоми Лапиља, сопругата на Џордан Белфорд (Лео) во „Wolf Of Wall Street“ за Vanity Fair открива:
„Претходно немав некоја толку експлицитна секс сцена, повеќе снимав што следи пред самиот чин, но никогаш од почеток до крај како што беше случајот за овој филм.
Беше чудно. Пред „тони луѓе“ да морате да глумите страсна љубовна сцена, а не постои опција која вели дека можеш да ја избегнеш ситуацијата. Што поскоро завршиш, толку побрзо сè ќе заврши“ - вели Роби.
„Добив милиони рани од хартијата која беше под мене и не звучи гламурозно како што некој би си замислил.“ - додава таа.
Н. Г. | Црнобело