15 филмови кои ќе ве инспирираат да постигнете повеќе во животот
Различни филмови одговараат на различни расположенија и различни типови на луѓе и личности. Така, на пример, можеби преферирате комедии или само хорор филмови или само трилери, но некои филмови едноставно не можат да се вклопат во ниту една од овие категории.
Некои филмови не се наменети само да ве смеат или само да ве плашат, туку имаат за цел да ве мотивираат и да ве натераат да сфатите дека никој не може да ве спречи и ништо не може да ве натера да се откажете од работите кои сте си ги зацртале во глава.
Тоа се оние ретки, навистина посебни филмови кои ќе ве инспирираат и охрабрат да си кажете: „зошто да не?“ и ќе ве натераат да направите нешто извонредно:
1. „The World’s Fastest Indian“
Берт Мунро со децении се обидува да го оствари својот најголем сон, од својот стар мотоцикл да направи тркачко чудовиште и да постави светски рекорд во брзина.
2. „The Straight Story“
73-годишниот Алвин Стрејт дознава дека неговиот брат со кој со години не зборувале дека доживеал удар, а бидејќи нема возачка дозвола, решава да го посети возејќи се на косилка за трева.
3. „Coach Carter“
Вистинска приказна за едно уникатен кошаркарски тим и нивниот неверојатен тренер...
4. „The Way Way Back“
Приказна за тежок, но важен крај на една фаза од животот кога едно момче созрева и станува маж.
5. „Everybody’s Fine“
По смртта на неговата сакана сопруга, Френк решава да ги посети децата кои живеат во различни државички насекаде низ САД.
6. „Gifted Hands: The Ben Carson Story“
Бен Карсон никогаш не бил надарен ученик и често се разгневувал, но неговата мајка отсекогаш верувала во него, а токму заради таа поддршка тој ќе стане еден од најпознатите неврохирирзи во САД.
7. „Bend It Like Beckham“
Целото семејство смета дека 18-годишната Џес не треба да игра со машки, но еден тренер го забележува нејзиниот талент и решава да направи да биде дел од професионален фудбалски тим.
Уште 8 филмови на следната страна...