8 кратки цртани филмови кои нè учат на вистинските вредности во животот
Неверојатно е како некои филмски режисери успеваат во само неколку минути да го изразат своето мислење за животните вредности на секој човек.
Љубов, семејство, верност, почит кон другите, пријателство... Сето тоа се само дел од оние работи кои некои луѓе успеваат да ги доловат во краток анимиран филм кој не е само за возрасните, туку има за цел дури и најмалите да ги научи на основните животни вредности.
Колекција од кратки цртани кои секој треба да ги погледне за да се насмее, да ужива, па можеби и да научи нешто ново:
1. „Partly Cloudy“
Секој знае дека децата ги носат штрковите, но дали некој знае дека се направени од облаци? Интересен краток анимиран филм за пријателството, надежта и вербата дека ќе се случи најдоброто.
2. „La Luna“
Емотивен цртан за дете кое таткото и дедото го носат заедно на работа и сакаат заедно да го воспитуваат, секој на свој начин.
3. „Bridge“
Краток анимиран филм со силна порака - во животот мораме да се научиме на компромис.
4. „Under The Fold“
Во огромната сива метропола, еден татко и син скитаат низ улиците и се обидуваат да најдат работа. И покрај тешката ситуација, не се откажуваат од тоа да најдат нешто што во животот ги прави среќни.
Уште 4 кратки анимирани филмови на следната страна...