Секогаш има (барем) две страни од секоја афера
Што се случува кога ќе се заљубат луѓе што не би смееле? Што да направите кога во бракот нешто недостига? Најчесто се случува прељуба, искомпонирана и одглумена уште откако постои седмата уметност. Но, Шоутајм носи целосно поинаков поглед на брачното неверство, со што освои три награди Златен глобус!
Не, не се работи за лош љубовен заплет и за стопати видена тема, туку за иновативна и осмислена приказна за една тешко остварлива романса. Приказната е раскажана од перспективата на мажот и на жената, а колку мажите и жените различно гледаат на работите може да се види од секој исказ што главните актери им го даваат на детективите, како и од приказните што им ги раскажуваат на гледачите.
И двете сезони од интригантната и динамична драма Афера, гледајте ги на Pickbox од 1.3.!
За врвна приказна се потребни врвни актери!
Серијата Афера (The Affair), Шоутајм ја претстави пред публиката пред две години, по успешните серии Татковина, Декстер, Доктори за секс, Трева и други. Во оваа оригинално и интересно раскажана психолошка драма, главните улоги ги толкуваат Британецот Доминик Вест, кој ни е добро познат од Жица, неговата сонародничка Рут Вилсон, која ја гледавме во Лутер, Џошуа Џексон, кој на овие простори ни е најпознат по улогата на Пејси од серијата Светот на Досон и Мора Тиерни, која рамо до рамо со Горан Вишњиќ играше во Итна служба.
Двете лица на вистината
Бегство од зачмаеноста на Ноа Соловеј (Доминик Вест) ќе му обезбеди младата келнерка Алисон (Рут Вилсон) која ја среќава уште првиот ден по доаѓањето на имотот на богатиот татко на жена му.
По трагедијата што им се случила нејзе и на нејзиниот маж Кол (Џошуа Џексон), Алисон само сака да си го доведе животот во ред. Уште во првата епизода гледаме како изгледало кога се запознале Ноа и Алисон, но кога за запознавањето ни зборува Алисон, настаните се малку поинакви. Не му пришла таа нему, туку тој нејзе, не го спасил тој своето дете од задушување, туку таа, не го викнала таа под туш, туку тој сам се заинтересирал.
Во верзијата на приказната на Ноа, Алисон е огнена заводничка и секое нејзино движење повикува на акција, додека во нејзината верзија таа е резервирана и излегува дека сосема случајно се нашла во прељуба.
Настаните од заднината на аферата
Додека ги следиме приказната на прељубниците и реакциите на нивните сопружници, во заднината на нивната афера се случува и полициска истрага за потенцијално убиство. Главните осомничени се Ноа Соловеј и Алисон Локхарт, а нив и нивните сопружници Хелен и Кол одвреме-навреме можеме да ги видиме како во судницата даваат изјави и ја раскажуваат својата страна од приказната која речиси секогаш драстично се разликува.
Популарната авторка на хит-серијата
Сценаристи и продуценти на серијата се Сара Трим, која ја знаеме по ангажманот во сериите Куќа од карти (House of Cards) и На терапија (In Treatment) и Хагај Леви, израелски сценарист според чија серија Be Tipul е снимена американската серија На терапија. За Афера, Сара истакнува: „Интересна ми е борбата што понекогаш се одвива во самите гледачи. На луѓето кои се наклонети кон идејата за апсолутна вистина, гледањето на оваа серија ќе им претставува многу предизвикувачко искуство.“
Врвната актерска постава и инвентивното сценарио ја прават серијата Афера првокласна психолошка драма која гледачите ги обзема уште по првите десет минути. Уште еднаш му благодариме на Шоутајм. А и на Pickbox.