Најдобрите филмови базирани врз вистински приказни
Филмови базирани врз вистински животни приказни се едни од најдобрите филмови, бидејќи преку нив можеме да го откриеме неверојатниот живот на луѓето за кои никогаш не сме слушнале; или да научиме нешто ново за познатите личности.
Овие филмови, исто така, на некој начин нè прават да се чувствуваме како ништо да не е невозможно и дека треба да продолжиме да ги остваруваме сопствените соништа и никогаш да не се откажеме од истите.
Ова се некои од најинспиративните филмови кои се базирани врз вистински животни приказни.
Saving Mr. Banks
Овој филм ја раскажува приказната за легендарниот Волт Дизни и неговиот однос со Памела Траверс, авторката на познатата книга за деца „Мери Попинс“. Филмот немаше да биде толку успешен без брилијантните перформанси од Том Хенкс и Ема Томпсон.
The Duchess
Овој филм е хроника за животот на познатата војвотка од Девоншир, Кевендиш. Кога имала 17 години нејзините родители ја принудиле да се омажи за Вилијам Кевендиш. Таа била модна икона и мудар политичар, но во текот на нејзиниот живот била очајна за вистинската љубов.
Catch Me If You Can
Френк Абегнејл бил еден од најпознатите измамници во американската историја. Пред да наполни 21 година, тој работел како лекар, правен обвинител и пилот во цивилното воздухопловство.
Becoming Jane
Тажна и убава љубовна приказна помеѓу Џејн Остин и Томас Лефрој. Џејн била најмладата ќерка на свештеникот Џорџ Остин. Таа сонувала да биде писател и не успеа да се омажи за човекот од нејзините соништа.
Walk The Line
Оваа биографска драма ја раскажува приказната за легендарниот кантри музичар, Џони Кеш и неговата втора сопруга, Џун Картер. Во филмот се следат проблемите со кои се соочувале, како алкохолот и депресијата.
Shadowlands
Shadowlands е британски биографски филм за љубовната врска помеѓу оксфордскиот академски професор и писател, К.С. Луис и американската писателка Џој Грешам.
М. А. | Црнобело