Која ѕвезда нема да присуствува на обединувањето на Пријатели?
Откако NBC официјално ја потврди новата епизода Пријатели, односно нивното обединување по цели 12 години, милиони фанови беа воодушевени од идејата.
Сепак, не може сè да е совршено.
Само неколку часа подоцна беше објавено дека еден од „пријателите“ нема да присуствува на обединувањето - Метју Пери.
Изворите велат дека актерот мора неодложно да биде присутен во Лондон, додека Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет ЛеБланк и Дејвид Швимер ќе ја снимаат 2-часовната епизода во чест на режисерот Џејмс Бароус.
Сепак, Метју се надева дека ќе биде вклучен во настанот преку Скајп за конечно да објасни што прави Чендлер Бинг 12 години подоцна.
Д. М. | Црнобело