Интересни факти за празничните филмски класици: Главната улога во Elf оригинално припаѓала на Џим Кери
Како што се ближат празниците и времето сѐ повеќе заладува, така доаѓа време добро да се завиткате во топло ќебе покрај сакана личност или добар пријател и да одберете некој од прекрасните новогодишни филмови.
За да ги развеселиме филмските класици, пронајдовме по некој интересен факт за нив...
1. Love Actually
Ема Томпсон изгледа одлично во филмот, но верувале или не, таа носела специјален костум за да изгледа малку подебело.
Уште еден интересен факт е што Крис Маршал – актерот кој го глумел Колин – момчето што отиде специјално до САД за да спие со девојка, толку многу се забавувал снимајќи со трите американски убавици што тој ден работел бесплатно.
2. Elf
Тешко ни е да замислиме дека некој друг освен Вил Ферел би го глумел Бади во култниот филм, но оригинално, улогата му припаѓала на Џим Кери.
Сценариото е напишано во 1993 и биле потребни 10 години за да се сними филмот. А дотогаш, Ферел станал подобра прилика.
3. Home Alone
Овој филм е наменет за сите возрасти, но една личност од филмот – Џои Пеши, кој го глумел Хери Лајм, очигледно не бил наменет за во филмов.
Наводно, Пеши пцуел толку многу во текот на снимањето што режисерот Крис Колумбус го премолил да кажува други зборови место оригиналните пцовки.
Но, кога ќе ангажирате актер од Goodfellas, на некој начин самите си го барате тоа...
4. Miracle on the 34th street
Мора да признаеме дека е тешко да се снима филм за Дедо Мраз а во главната улога е 8-годишно девојче, но за Натали Вуд, магијата не престанала.
Всушност, Вуд цело време верувала дека нејзиниот колега, Едмунд Гвен навистина е Дедо Мраз, барем додека не го видела свежо избричен.
5. The Holiday
Оваа романтична комедија е дефинитивно најшармантниот филм со Џуд Ло. Не е ни чудо, бидејќи режисерот го натерал Ло да го проучува Кларк Гејбл и да го базира неговиот лик на него.
А, блокбастер сцената со Дастин Хофман? Целосно импровизирана. Хофман токму во моментот поминувал покрај продавницата и видел дека се снима филм, па режисерката Ненси Мајерс ја креирала сцената специјално за него.
6. Bridget Jones’s Diary
Општо познат факт е дека Рене Зелвегер се здебелила 10 килограми за улогата на Бриџет Џоунс, но тоа не е единственото екстремно нешто кое го направила за филмот – таа работела во вистинска издавачка куќа цел месец и нејзините колеги некако не сфатиле која е.
Таа дури имала слика од нејзиното тогашно момче – Џим Кери на бирото каде што работела, а колегите сметале дека тоа е малку чудно.
7. How the Grinch Stole Christmas
Џим Кери прилично добро си ја завршил работата со овој филм, но Џек Николсон и Еди Марфи исто така биле земени во предвид за улогата.
А Кери навистина се намачил – неговата протетична шминка толку го иритирала што специјален маринец морал да го научи на посебни техники на давање отпор при мачење.
8. Serendipity
Овој филм инспирира и асоцира на убави чувства за судбината и сродните души. А, очигледно на Џон Кјузак му било судено да глуми во него, со оглед на неколкуте интересни случајности.
Ова не е првиот филм каде книгата Love in the Time of Cholera се спомнува – таа се спомнува и во High Fidelity, каде протагонист повторно е Кјузак.
Исто така, во овој филм зборува и за соѕвездието Cassiopeia, а тоа се случува и во The Sure Things.
9. Just Friends
Ана Фарис одлично ја доловува улогата на размазената поп-ѕвезда Саманта Џејмс покрај Рајан Рејнролдс. Интересно е што инспирација за овој филм била Парис Хилтон, која отишла на аудиција за улогата на Џејмс но, иронично, не ја добила.
С. С. | Црнобело