Што кога ќе се спојат Џорџ Клуни и Мајли Сајрус? (видео)
Полека, но сигурно, празниците се приближуваат, а со тоа доаѓа и празничната треска. Меѓу другото, покрај божиќните песни, тука се и оние забавни филмови кои секогаш не потсетуваат на детството.
Оваа година, меѓу првите најавени празнични филмови е „A Very Murray Christmas“ во кој ќе имате можност да погледнете дел од познатите пријатели на Бил Мареј.
Она што можете да го забележите од најновиот трејлер за овој филм е дека Ејми Поулер и Џули Бела присуствуваат на забавата само за Џорџ Клуни, Мајли Сајрус е тука за да ја долови празничната атмосфера со божиќни песни, а Клуни е доволен само со неговата појава.
Погледнете како ќе изгледа Божиќ оваа година: