Зошто се толку популарни филмовите за суперхерои?
Ако сте љубител на стрипови, фантастични приказни или научна фантастика, ова е вистинското време за вас, бидејќи Холивуд ќе ги задоволи вашите вкусови. Некои експерти веруваат дека повеќето филмови традиционално биле замислени како мешавина на едукација и забава.
Овие филмови се целосно насочени кон прикажување на: моќта, акцијата, акробациите и возбудата - во шарени и целосно реализирани светови.
Гледањето на филмови со суперхерои е одлична можност да се опуштите и да не размислувате за стресните ситуации од секојдневието.
Историски гледано, за време на војните, филмовите станале жариште на патриотизам и хероизам.
Суперхероите на некој начин го воспоставуваат мирот, спречуваат насилство ако е потребно и сл. Покрај тоа, тие служат како инспиративни фигури - некој што може да нè спаси од сите темни и тешки времиња.
Овие филмови промовираат идеи за мир, безбедност и слобода. Некои експерти сметаат дека оваа порака е потребна за охрабрување во тешките времиња.
Настрана од светските и психолошките причини, овие филмови се забавни. Со оглед на успехот на првите неодамнешни примери од жанрот, како „X-Men“ и „Spiderman“, холивудската филмска индустрија почна да фрла огромни суми на пари за создавање на ефекти.
Модерните филмови за суперхерои се проследуваат наназад до 1978-та година, со филмот на Warner Bros. – „Spiderman“. Во тоа време се сметало дека два и пол часа епска приказна базирана на стрип може да биде голем ризик. Но, по речиси 40 години, многу филмски фанови стануваат заситени од овој жанр.
Постојат неколку причини кои можат да резултираат со крај на популарноста на филмовите за суперхерои.
Еден од основачите на холивудскиот блокбастер, Стивен Спилберг, неодамна зборуваше за иднината на овие филмови. Се предвидува дека тие најверојатно ќе завршат како вестерн филмовите, односно нивната популарност ќе се намали, поради што ќе престанат да се снимаат.
Недостаток на оригинални теми
Овие филмови не се ништо ново, но брзината со која се произведуваат и нивното количество е досега невидена. Истото важи и за преработките на оригиналите. Најголемиот проблем е што постои ограничен број на стрип јунаци, кои студиата ги користат до максимум.
Постојано аспирирање кон поголемо и подобро не е добро
Секоја година нови блокбастери се борат да го претекнат својот претходник, за што се потребни повеќе пари, поатрактивни ефекти и сл. Како што се повеќе средствата се вложуваат во нив, остануваат помалку пари за оние филмови кои не се толку атрактивни.
Развој на технологијата ќе создаде нов жанр
CGI и специјалните ефекти се многу важен дел од сите современи филмови за суперхерои. Технологијата ги диктира трендовите во филмската индустрија. Но, прашање е колку долго филмовите за хероите ќе имаат предност пред да се појави поатрактивен жанр?
Технологијата се развива со неверојатна брзина, а наскоро ќе дојде време кога импресивните ефекти од "Iron Man" и "Avengers" ќе станат застарени за програмерите кои постојано ќе бараат нови предизвици.
Ова значи дека и приказните и сценаријата ќе мора да се менуваат со цел да се следи новата технологија, и да биде интригантна за публиката.
Автор: М.A. | Црнобело