Разочарување: Ништо од сексот во „50 нијанси на сиво“
Иако по светските премиери впечатоците сè главно позитивни, има се повеќе критичари кои не се согласуваат со тоа.
Главната замерка за филмот е тоа што беше помпезно најавуван како филмско остварување кое ги поместува границите, така што експлицитно прикажува доминантност и потчинетост, како и садо-мазо секс.
Сепак, возбудувањето е уништено, затоа што во филмот кој трае 2 часа и 15 минути недостасуваат вистинските секс сцени, односно се прилично благи во споредба со трејлерот.
„Од време на време гледаме по некој камшик и врзани раце, но ништо од тоа не може да биде шокантно, ниту пак тоа е нешто што луѓето го гледаат прв пат во животот“, пренесува New York Daily News.
Критичарите велат дека можеби ќе бидете заинтригирани од приказната, но ниту еден дел од филмот нема сексуално да ве возбуди.