Првиот трејлер за „Bicemo prvaci sveta“: Тони Михајовски, Сашко Коцев и Даниел Кајмакоски се дел од филмот
Одамна се најавува филмот кој ќе ги прикаже првите најголеми успеси на југословенската кошаркарска репрезентација. Посветен е на големите легенди Бора Станковиќ, Радомир Шапер, Александар Николиќ и Небојша Поповиќ.
Дејството се одвива во период од 1945 и 1970 година на светскиот шампионат во кошарка во Љубљана.
Екипата која работи на филмот е веќе докажана со успешно прифатениот филм „Монтевидео“.
Покрај главните улоги кои ги имаат српски актери, во филмот играат и македонските актери Сашко Коцев во улога на Лазар Лечиќ и Тони Михајловски во улога на продуцент од Радиотелевизија Београд, која го спроведува директниот пренос од Светското првенство.
Исто така, кратко појавување во филмот има и Даниел Кајмакоски, кој инаку ја пее една од насловните песни, „Ne mogu protiv srca svog“ и за која сними спот веднаш по победата на Скопскиот фестивал.
Премиерата во Белград се очекува во текот на февруари.
Погледнете го првиот трејлер: