15 најубави филмски изјави за љубовта
Сите кои ги сакаат романтичните филмови, ги обожаваат и нивните цитати, изјави на љубов. Нема девојка која не помислила дека барем еднаш сака да слушне изјава од своето момче како онаа од омилениот филм.
Момци, ако случајно не знаете како да ја освоите романтичната девојка, одберете една од култните филмски изјави:
1. „Ти треба бакнеж веднаш. Тоа е она што не чини со тебе. Би требало почесто да бидеш бакнувана и тоа од некој што знае како да го прави тоа“. – Кларк Габел (Gone with the wind)
2. „Твојот сопруг ми кажа дека си најубавата жена која ја видел некогаш. Не ја очекував најубавата жена која јас сум ја видел“. – Џорџ Клуни (Intolerable Cruelty)
3. „Би сакала ли да имаш толку интензивен секс кои би ги променил и твоите политички ставови?“ – Џон Кушчак (The Sure Thing)
4. „Падни во несвест - јас ќе те фатам“ – Ралф Финес (English patient)
5. „Немој да заборавиш дека јас сум само девојка која стои пред момчето и го моли да ја сака“ – Џулија Робертс (Notting Hill)
6. „Знаеш, велат дека користиме само 10 отсто од нашиот мозок. Јас мислам дека користиме само 10 отсто од нашето срце“. – Овен Вилсон (Wedding crashers)
7. „И јас слушам гласови. Гласови кои ми велат: Ако не ја бакнеш наскоро, идиот си“. – Џими Стјуарт (You can take it with you)
8. „Дали беше тоа пукање од топ или моето срце толку силно чука?“ – Ингрид Бергман (Casablanca)
9. „Знаеш ли да чуваш тајна? Се обидувам да организирам бегство од затвор. Барам соучесник. Прво треба да излеземе од овој бар, па од хотелот, па од градот, па на крајот и од државата. Дали си За или Против?“ – Бил Мареј (Lost in Translation)
10. „Те посакувам. Те посакувам цела. Засекогаш. Ти и јас. Секој ден“. – Рајан Гослинг (The Notebook)
11. „Можеби ја сум криминалец драга, но ти си онаа која ми го краде срцето“. – Бред Пит (Thelma & Louise)
12. „Ако ри си птица и јас сум птица“. - Рајан Гослинг (The Notebook)
13. „Ти си сè што никогаш не сум знаел дека го сакам“. – Метју Пери (Fools Rush in)
14. „Се плашам дека ќе излезам од оваа соба и никогаш нема да го почувствувам она што го чувствувам кога сум со тебе“. – Џенифер Греј (Dirty dance)
15. „Ти ме надополнуваш“ – Том Круз (Jerry McGuire)