Факти кои не сте ги знаеле за филмот„Pretty woman“: Џулија Робертс не требало да ја глуми Вивиен
Многумина кога сакаат да гледаат филм со кој и ќе се насмеат и ќе се расплачат го одбираат омилениот евергрин за убавата жена во главните улоги со Ричард Гир и Џулија Робертс.
Филмот кој испраќа порака дека спротивностите се привлекуваат, популарен е веќе 23 години, а во негова чест може да се потсетиме на некои помалку познати факти:
1. На почетокот филмот требало да се вика „3000 долари“, но тоа оставало лош впечаток на публиката. Како што се пишува, мислеле дека се работи за проститутка која се наоѓа на Месечината.
2. Мег Рајан требало да ја глуми Вивиен, но таа ја одбила улогата. Всушност, на многу други глумици како Мелани Грифит, Шерон Стоун, Мишел Фајфер им била понудена улогата пред да ја добие Џулија Робертс.
3. Следен пат кога ќе го гледате овој филм обрнете внимание на Вивиен. Ќе сфатите дека таа никогаш не седи на столче. Нејзе поудобно ѝ е на подот или се потпира на некое парче мебел, а сето тоа е направено за да ја долови нејзината професија.
4. Дали знаевте дека „Pretty woman“ e во продукција на Disney?
5. Режисерот Гери Маршал и на својата ќерка ѝ дал улога во филмот како рецепционерка во хотелот.
6. Сите сцени од „Rodeo Drive“ улиците во Беверли Хилс се снимени во недела бидејќи градот има строги правила за снимање на тие улици.
7. Џулија Робертс имала само 22 години кога е реализиран филмот во март 1990 година.
8. Првичниот план бил сцените од операта да се снимаат во Сан Франциско, но сето тоа се сменило поради земјотресот кој тогаш се случил, па снимени се во историски музеј.
9. Ова е прв филм во кој глумел Хенк Азариј. Го глуми детективот, а подоцна е познат по улогата на Дејвид во серијата „Пријатели“.
10. Постојат и грешки во филмот кои може да ги забележите. Првото утро откако ја поминуваат ноќта заедно, Вивиен во првата сцена за појадок јаде кроасан, а веќе во следната сцена јаде палачинки.
11. Џулија за улогата на Вивиен се подготвувала две недели во клиника во Холивуд.
12. Првичната замисла на филмот била Вивиен да игра зависничка од наркотици.
13. Ричард Гир во филмот свири на клавир и тоа композиција, која сам ја компонирал.
14. За време на снимањето на секс сцените, Џулија била толку нервозна поради што ѝ се појавува вена на челото. Тогаш, режисерот Гери Маршал влегол во креветот и заедно со Ричард Гир ѝ ја масирале вената додека не исчезнала.
15. Додека Џулија ја снимала сцената во која зборува дека сака да биде принцеза, сè уште не бил смислен крајот на филмот кога Едвард ја спасува Вивиен.