Филмски викенд: Комични драми

За овој викенд, сред екот на свадбената сезона, ви спремивме три филмови што ќе задоволат различни вкусови.

filmski-vikend-komicni-drami-01

Имаме филм за стриптизери, кој е погоден за сите млади невести кој се спремаат за моминска вечер. Имаме филм за кратки врски и избегнување бременост, за оние што им е рано да се врзат.

И имаме филм за модерни семејства, брак и деца. Предупредувам дека не се комедии што ќе ве смеат до солзи, туку повеќе се драми со комични елементи. Се надевам дека ќе ви се допадне барем еден од нашите предлози.

Уживајте во овој филмски викенд!


Magic Mike (2012)

filmski-vikend-komicni-drami-1

Филм кој е инспириран од животот на главниот глумец, Ченинг Татум, кој пред да стане ултра мега популарна холивудска ѕвезда, заработувал како машки стриптизер.

Слична е и неговата улога, глуми дечко од триесетина години, кој преку ден заработува како мајстор, а навечер како стриптизер. Ќе запозне младо момче, без никакви амбиции во животот, па ќе го земе под своја закрила.

Ќе го воведе во светот на машките стриптизери, или да речеме машките егзотични танчери. Таму се заработуваат многу пари за кратко време, а се живее лудо и незаборавно, многу женски, алкохол, дрога и забава.

Приказната е просечна, комичните моменти се малку, дијалозите се неразбириливи и без поента. Искрено овој филм го препорачувам само поради стриптиз сцените.

Најпопуларните глумци од Холивуд се соблекуваат и изведуваат прилично интересни кореографии. А тука е и полуголата сцена на Оливија Мун, која е ѕвезда во подем и допрва ќе и расте популарноста.

Режија: Steven Soderbergh
Глума: Channing Tatum, Alex Pettyfer, Olivia Munn


The Pill (2011)

filmski-vikend-komicni-drami-2

Ако ме прашувате мене, овој е филмот кој едноставно морате да го гледате. Овој филм успеа некако да ми ја врати вербата во романтичните комедии, бидејки е поинаков од останатите кои Холивуд пробува да ни ги
сервира.

Зборувам за оние филмови каде приказната е позната, застарена или преромантизирана. Но не и The Pill.

Филмот е современ и зборува за оние озогласени one-night-stand врски, или по нашки секс за една ноќ. Имено, ги имаме Фред и Минди, кои не се знаат така добро а се поднапиени и флертуваат цела ноќ.

Се разбира ноќта завршува со незаштитен секс, и дејствието продолжува следно утро со еден непријатен дијалог. Фред сака да се осигура дека Минди користи контрацепција, бидејки е во сериозна врска со Нели и несака дополнителни компликации.

Минди пак, е слободен дух, не верува во контрацепција, е компулсивна лажга и манипулира со него. Тензиите меѓу нив растат, а гледачот е оставен тотално збунет бидејки незнае за кого да навива. И двајцата се криви, тој изврши неверство, а таа упорно го лаже.

Кога конечно ќе појдат до аптеката, Минди ќе ја испие фамозната пилула што би требало да спречи несакана бременост, а Фред ќе се ослободи и ќе и каже колку е ненормална.

Се разбира секунди после тоа аптекарот ќе го потсети дека треба да се испие и втората пилула после 12 часа, како би се гарантирало несаканото забременување.

Можете да си замислите што следува понатаму, тој и се умилкува и ја дружи следните 12 часа како би се осигурал дека ќе ја испие втората пилула.

Филмот е прекрасно склопен, дијалозите се извонредни и делуваат вистински. Иако е прилично непознат, верувам дека на сите ќе ви се допадне

Режија: J.C. Khoury
Глума: Noah Bean, Rachel Boston, Anna Chlumsky


Friends with Kids (2011)

filmski-vikend-komicni-drami-3

Џули и Џејсон се пријатели со години, но немаат романтични чувства еден за друг. Веќе во своите триесети години, ги гледаат своите пријатели како го живеат брачниот живот и како се размножуваат. И тоа воопшто не им се допаѓа.

Ги сакаат нивните деца, но гледаат дека бракот успева да ги убие и најзаљубените парови. Го гледаат бракот како институција што ја цица романсата и полека ги уништува луѓето во него.

Бидејки неможат да чекаат да ги најдат своите сродни души, па да инвестираат неколку години во врската, па неколку години додека да се добијат деца, решаваат да ги земат работите во свои раце.

Ќе направат дете заедно, заедно ќе го растат и воспитуваат, а паралелно ќе продолжат со потрагата по својот совршен партнер. Филм кој ги обработува познатите теми за љубов, брак и бебиња... и редоследот по кој треба да се случуваат.

Сценариото изобилува со паметни и комични дијалози, а актерската екипа составена од многу звучни имиња одлично си ја заврши работата.

Ова е комедија која пробува да ни прикаже вистинска приказна, но сè уште нереална за нашите простори.

Режија: Jennifer Westfeldt
Глума: Jennifer Westfeldt, Adam Scott, Maya Rudolph, Chris O'Dowd, Kristen Wiig, Jon Hamm

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg