Филмски викенд: Овогодинешни Комедии
Бидејки е времето е претопло, не сакав да ве заморувам со трилери и драми, и дополнително да се потите пред кулминацијата.
Затоа ви спремив три лесни, брзи и едноставни филмчиња, кои ќе ви го релаксираат мозокот и ќе ве расположат. Жанрот е комедија, но имаме и романтични и акциони комедии.
И најбитно од сè, овие филмови се тазе па можеби и не ги имате гледано.
Уживајте во овој филмски викенд!
Една од подобрите комедии што се појавиле во последно време. Да, знам, сите сме заситени од комедии со Џенифер Анисон, или Пол Руд, ама некако заедно имаат интересна хемија и се поприлично смешни.
Приказната започнува со како тие се млад брачен пар и купуваат стан во Њујорк. Но неколку филмски секунди после тоа, финансиската конструкција им се менува и се принудени да најдат нов живот некаде, најверојатно подалеку од Менхетен зашто е премногу скап животот таму.
Налетуваат на хипичка комуна кадешто се промовира вокализирање на чувствата, веганство, помалку агресивно ракоплескање, куќа без врати и слободна љубов.
Дали до толку се очајни што ќе прифатат да останат со нив? Или па навистина сакаат да си го сменат начинот на живот?
Ако сте во такво расположение и ви треба комедија во животот тогаш дефинитивно ви ја препорачувам оваа.
Глума: Jennifer Aniston, Paul Rudd
Брза романтична акција со одлични глумци. Так и Френк се агенти на ЦИА, кои се многу добри во својата работа, но моментално се суспендирани и принудени да се занимаваат со административни работи.
Но тоа е така досадно, па Так решава да си најде девојка по социјалните мрежи, па така ја запознава Лорен. И како што бива во светот на романтичните акциони комедии, веднаш после кафето со Так, Лорен ќе налета на неговиот партнер Френк.
На сите ни е повеќе од јасно дека Лорен ќе ги бендиса двајцата, бидејки и двајцата се неверојатно убави, згодни, развиени и донекаде паметни.
И не само тоа, туку и тие ќе ја бендисаат неа, и двајцата ќе се борат за нејзината љубов.
Бидејки приказната е неверојатно предвидлива не ви раскажувам ништо повеќе, само ќе кажам дека е возбудлив, брз и смешен филм. Нема да почуствувате кога поминале тие час и половина.
Вистински филм за релаксација со друштво или партнерот.
Глума: Reese Witherspoon, Chris Pine, Tom Hardy
Џони Деп во главна улога со кожна јакна, одлепена фризура и дејство сместено во осумдесетите... упс, тоа беше оргиналната серија.
Значи девојки го немаме Џони Деп, туку го имаме Ченинг Татум, и ова е новата верзија на 21 Jump Streep. За разлика од оргиналната серија, овој филм е комедија, но приказната е скоро идентична.
Станува збор за специјална полициска единица што се инфилтрира во средношколските клупи со цел да се спречат различни криминални групи. Во таква единица членуваат и двата главни ликови.
Не би одела длабоко во мисијата на нашите главни момци, само би ви кажала дека нивното неискуство го прави овој филм прилично интересен и придонесува за многу од комичните сцени.
Филмот жанровски припаѓа во акциона комедија, па слободно можете да очекувате брканици со коли, пукања и по некоја експлозија.
Актерската екипа е одлична, а за постарата генерација има неколку моменти кога се референцира и оргиналната серија.
Глума: Jonah Hill, Channing Tatum
И.Т. | Црнобело