10 филмови кои ќе ви бидат како ментален одмор овој продолжен викенд
Забавниот Miss Congeniality или емотивниот The Fundamentals of Caring – што ќе гледате овој продолжен викенд?
Ако ви треба мало бегство од реалноста, а не сте во можност сега да отидете некаде, филмовите се секогаш добар избор.
10 забави и лесни филмови кои ќе ви бидат како ментален одмор:
The Hundred-Foot Journey
Забавна драма за семејство од Индија кое се преселува во француско село. Овде, тие отвораат ресторан, но веднаш до луксузен француски ресторан со строга сопственичка.
Па, меѓу сопственичката и семејството брзо се создава раздор поради конфликтот на интереси.
Miss Congeniality
Ретро комедија со Сандра Булок која сигурно ќе ве расположи.
Главниот лик е детективка која се пријавува на натпревар за убавина, откако дознава дека на настанот може ќе биде поставена бомба.
Luca
Luca е преубав анимиран филм кој ќе направи да се чувствувате како да сте во Италија.
Лука е морско чудовиште кое кога е на површина, изгледа како најобично дете. Тој се спријателува со дете од крајбрежно италијанско гратче и заедно тргнуваат на низа летни авантури.
Ticket to Paradise
Со Џулија Робертс и Џорџ Клуни во главните улоги, Ticket to Paradise можеби не е најдобриот филм што ќе го изгледате, но сигурно ќе ве расположи и ќе ви го одмори мозокот.
Маж и неговата поранешна сопруга одат на Бали откако ќерка им им соопштува дека ќе се венча со тамошен одгледувач на алги.
И покрај нивните разлики, ги здружуваат силите со надеж дека ќе ја саботираат свадбата.
Emma.
Снимен според истоимената книга на Џејн Остин, Emma. е романтична комедија со Ања Тејлор Џој во главната улога.
Ема е девојка која сака да се плетка во љубовните животи на нејзините пријатели мислејќи дека им помага. Додека се фокусира на туѓите врски, успева и самата да најде љубов.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





