10 филмови кои ќе ви бидат како ментален одмор овој продолжен викенд
Mrs. Harris Goes to Paris
Главниот лик е чистачка која живее во Лондон во 1950-тите. Откако здогледува фустан на брендот Dior и се вљубува во него, си дава за цел еден ден да може да си го купи.
Ова ја води на авантура до Париз која ќе има влијание и врз нејзиниот живот, но и врз самиот бренд.
Enola Holmes
Инспириран од приказните за Шерлок Холмс, главниот лик во Enola Holmes е сестрата на познатиот детектив.
Со истиот интелект како него, Енола пробува да го надмудри брат ѝ додека ја бара нивната исчезната мајка.
The Peanut Butter Falcon
Главниот лик е дете со Даунов синдром кое сонува да стане професионален борач.
За таа цел, бега од групниот дом во којшто живее и по пат сретнува криминалец кој одлучува да го заштити, но и да му помогне да си го оствари сонот.
The Grand Budapest Hotel
Уникатните и препознатливи филмови на Вес Андерсон не може, а да не ве расположат.
Главниот лик е вработен во познат европски хотел кој е обвинет за убиство. Барајќи начин да ја докаже својата невиност, тој се здружува со портир од хотелот кој пробува да му помогне.
The Fundamentals of Caring
Иако е можеби поемотивен од останатите филмови на листата, и Тhe Fundamentals of Caring е филм кој ќе ве стопли.
Главниот лик е млад писател кој се пензионира и станува негувател на тинејџер со инвалидитет.
Со него, тој тргнува на патување кое ќе ги зближи, но и ќе ги натера да научат многу работи за себе.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





