Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2025 (иако не се номинирани во главната категорија)

Морничавиот The Substance што ѝ ја донесе првата номинација на Деми Мур, како и Nosferatu – филмот на Роберт Егерс кој го освежи жанрот хорор. 

10-filmovi-shto-treba-da-gi-izgledate-pred-oskari-2025-iako-ne-se-nominirani-vo-glavnata-kategorija-0.jpg

Викендов ќе се одржи 97-то издание на најпрестижните филмски награди – Оскари.

Веќе направивме листа со филмовите номинирани за главната награда.

Но, има бројни одлични филмови кои можеби не се номинирани во главната категорија, но сепак заслужуваат да им дадете шанса.

Најдобар актер, најдобра актерка, најдобра режија, најдобро сценарио – во секоја од категориите има по барем еден филм кој вреди да го изгледате пред доделувањето.

10 номинирани филмови кои не се борат за главната награда, но треба да ги изгледате пред Оскари 2025:

Sing Sing

Со Колман Доминго во главната улога, Sing Sing е снимен според вистинска приказна.

Главниот лик е затвореник кој е осуден за злодело што не го направил.

Додека е во затвор, тој станува дел театарска група со други затвореници и заедно почнуваат да работат на претстава, како вид рехабилитација.

Доминго има номинација за најдобра машка главна улога.

The Apprentice

The Apprentice е биографски филм кој се фокусира на подемот на сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Почнувајќи од 1970-тите, дејството на филмот покажува како Доналд Трамп се претворил во човекот кој е денес.

Актерот кој го глуми Трамп – Себастијан Стан – доби номинација за најдобра машка главна улога.

A Real Pain

A Real Pain му ја донесе првата номинација за Оскар на Киран Калкин – братот на добропознатиот Меколи Калкин.

Главните ликови се двајца братучеди кои по смртта на баба им, одлучуваат да ѝ оддадат почит со патување низ Полска, а по пат дознаваат многу за нивната семејна историја.

The Substance

Деми Мур ја заработи првата номинација за Оскар со улогата во морничавиот The Substance.

Таа глуми водителка на емисија која добива отказ само затоа што е постара.

За да си ја спаси кариерата, таа се инјектира со мистериозен серум со надеж дека ќе се претвори во помлада и поубава верзија од себе.

The Wild Robot

Номиниран во категоријата најдобар анимиран филм, The Wild Robot раскажува емотивна приказна за интелигентен робот кој е заглавен на ненаселен остров.

За да преживее, роботот пробува да комуницира со дивиот свет на островот, а почнува и да се грижи за мала беспомошна птица.

Филмот има вкупно три номинации.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Номинации за Оскари 2025: Прва номинација за Деми Мур Аријана Гранде ја заработи првата номинација за улогата во Wicked, а во истата к...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg