Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги
Шон Конери – трилогијата Lord of the Rings
Иан Мекелен не бил првиот избор на режисерот Питер Џексон за улогата на Гандалф.
Првично му ја понудил на Шон Конери, заедно со 30 милиони долари и 15% од заработката.
Но, Шон Конери не бил фан на книгите, а и не сакал да патува од САД во Нов Зеланд каде што се снимени филмовите.
Расел Кроу – трилогијата Lord of the Rings
Виго Мортенсен е совршен избор за улогата на Арагон, но ни тој не бил прв избор на Питер Џексон.
Режисерот прво му ја понудил улогата на Расел Кроу, заедно со сума од 100 милиони долари.
Актерот одбил, а подоцна изјави дека не ја прифатил улогата бидејќи бил сигурен дека Питер не го сака во неговите филмови.
Но, чувствувал должност да му ја понуди поради успехот со Gladiator и фактот што сите холивудски студија му нуделе улоги.
Џош Хартнет – трилогијата The Dark Knight
Не е познато колку пари му биле понудени на Џош Хартнет за улогата на Бетмен во популарната трилогија на Кристофер Нолан.
Но, Кристијан Бејл заработи околу 45 милиони за истата улога.
Џош ја одбил улогата само затоа што сакал извесен период да паузира и да се посвети на семејството.
Сепак, кога го видел крајниот резултат, изјави дека првпат во животот зажалил што одбил улога.
Мајкл Китон – Batman Forever
По два филма за Бетмен во режија на Тим Бартон, Мајкл Китон, секако, добил понуда да ја репризира улога и третпат.
Но, режисерот Тим Бартон бил отпуштен од проектот бидејќи на продуцентите филмот им делувал премногу мрачно.
Тие сакале семеен филм.
На Мајкл Китон, пак, му се допаѓала токму мрачната атмосфера на Бартон, па го напуштил проектот по отказот на режисерот и одбил околу 15 милион долари за улогата.
Спирова С. | Црнобело