Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги
Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во главната улога во Avatar?
Неретко режисерите неколкупати си го менуваат мислењето за главните улоги во нивните филмови.
Некогаш, пак, актерите ги одбиваат, дури и кога ќе им бидат понудени неколку милиони долари.
Кои актери одбиле улоги, а со тоа и големи суми?
Леонардо ди Каприо – American Psycho
Улогата на банкарот психопат одлично „му легна“ на Кристијан Бејл.
Но, продуцентите се надевале дека ќе можат да го убедат ди Каприо да ја прифати улогата.
На актерот му биле понудени 21 милион долари.
Сепак, тогаш, кон крајот на 1990-тите, актерот бил млад и сакал уште малку да поужива во популарноста од Titanic.
American Psycho е насилен филм и актерот сметал дека може да изгуби дел од женските фанови поради улогата.
Џон Траволта – Forrest Gump
Пред да ја прифати улогата во Pulp Fiction, на Џон Траволта му била понудена главната улога во Forrest Gump.
И, тој сакал да ја прифати, но откако го прочитал сценариото на Тарантино за Pulp Fiction, се премислил.
Актерот ја прифатил понудата на Квентин Тарантино, а со одбивањето на улогата за Forrest Gump, одбил и 70 милиони долари, како и дополнителна заработка во зависност од перформансот на филмот.
Мет Дејмон – Avatar
За главната улога во Avatar, на Мет Дејмон не му биле понудени пари однапред, туку 10% од заработката.
Кога ќе се земе предвид дека филмот заработи милијарди, доколку прифател, Мет Дејмон ќе добиел над 250 милиони долари.
Откако одбил, режисерот Џејмс Камерон му ја понуди улогата на тогаш помалку познатиот актер Сем Вортингтон.
Вил Смит – The Matrix
Денес веројатно не би можеле да замислиме некој друг во улогата на Нео освен Киану Ривс.
Но, првично, режисерите сакале да го најмат Вил Смит.
Тие му понудиле 10 милиони долари однапред, како и процент од заработката.
Сепак, актерот сметал дека не ја разбира целосно визијата на режисерите и дека нема да биде добар избор за улогата, по што одбил.