10 филмови кои најреално го прикажуваат животот со депресија
The Skeleton Twins
The Skeleton Twins е мрачна комедија која се фокусира на односот меѓу браќа и сестри кои имаат проблеми со менталното здравје.
Меги и Мајло се брат и сестра со депресија кои, без да знаат, пробале да извршат самоубиство во исто време.
По неуспешниот обид, почнуваат да живеат заедно и пробуваат да си помогнат еден на друг.
Cake
Во Cake, Џенифер Анистон глуми жена која страда од хронична болка, поради што оди и на состаноци за поддршка.
Откако една од жените кои ги посетуваат состаноците извршува самоубиство, ликот на Анистон станува опседнат со неа.
The Hours
Со Мерил Стрип, Џулиен Мур и Никол Кидман во главните улоги, The Hours е инспириран од книгата „Госпоѓа Даловеј“ на Вирџинија Вулф.
Дејството е сместено во различни временски периоди – во минатото ја гледаме самата Вирџинија Вулф која ја пишува книгата „Госпоѓа Даловеј“, а во сегашноста две жени кои, исто како писателката, се соочени со депресија и несреќа.
What Dreams May Come
Навикнати сме да го гледаме Робин Вилијам во забавни комедии, но дефинитивно се истакнува со посериозните улоги.
Во What Dreams May Come, тој глуми маж чии деца загинуваат во сообраќајка. Неколку години подоцна, загинува и тој, оставајќи ја сопругата сама.
Не можејќи да се справи со загубата, таа извршува самоубиство, додека ликот на Вилијамс пробува да ја спаси од пеколот (кој е како алузија на нејзината депресија).
Ordinary People
Ordinary People, кој освои Оскар за најдобар филм, се фокусира на распаѓањето на богато семејство.
Богат брачен пар пробува да се справи со трагичната смрт на нивниот постар син, но и обидот за самоубиство на помалиот син кој има депресија.
Спирова С. | Црнобело