10 филмови кои најреално го прикажуваат животот со депресија

Melancholia ќе направи да се чувствувате меланхолично, додека Prozac Nation покажува дека депресијата може да ги покори и најамбициозните.

10-filmovi-koi-najrealno-go-prikazhuvaat-zhivotot-so-depresija-01.jpg

Депресијата е не така ретко ментално нарушување со огромно влијание врз секојдневниот живот.

Обично оние кои не ја искусиле депресијата не можат целосно да ја разберат.

Но затоа, пак, постојат филмови кои ја прикажуваат премногу реално.

10 филмови кои одлично покажуваат како изгледа животот со депресија:

Melancholia

Како што гласи и насловот на филмот, додека го гледате, ќе чувствувате меланхолија.

Главниот лик е млада жена која по дијагнозата со депресија почнува да живее со сестра ѝ и нејзиниот сопруг.

Додека таа води битка со менталното здравје, другите ликови треба да се помират со својата смрт, бидејќи на Земјата ѝ се приближува небесно тело кое ќе се судри со неа.

Prozac Nation

Со Кристина Ричи во главната улога, Prozac Nation се фокусира на депресијата кај младите.

Главниот лик е Лизи – млада, амбициозна девојка која се запишува на Хардвар.

Но, почнува да се сочува со депресија која ѝ ги менува плановите.

Manchester by the Sea

Според многумина, Manchester by the Sea е филм кој најреално ја прикажува битката со депресија и влошено ментално здравје воопшто.

Кејси Афлек глуми млад маж со депресија. Откако брат му умира, тој станува единствената личност која може да се грижи за неговиот 16-годишен внук.

The Virgin Suicides

Во режија на Софија Копола, The Virgin Suicides се фокусира на животот на пет сестри кои живеат во 1970-тите.

Нивната животна приказна, вклучувајќи ги и обидите за самоубиство, е раскажана од нивни соседи кои пробуваат да сфатат што точно им се случувало.

A Single Man

Колин Фирт, кој доби номинација за Оскар за улогата, го глуми Џорџ – средовечен маж чија сопруга загинува во сообраќајна несреќа.

Загубата на саканата е причина за депресија и тој почнува да размислува за самоубиство.

На последниот ден од животот, тој разговара со негови колеги и пријатели кои можеби ќе го одвратат од намерата да се самоубие.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај Емотивниот The Notebook и забавниот Pretty Woman – некои филмови, иако можеби не...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg