Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто)
Колин Фирт
Актерот бил најмен да го позајмува гласот во анимираниот филм Paddington.
Но, дури откако завршил со снимањето на дијалозите, продуцентите сфатиле дека неговиот глас не е соодветен за ликот.
Па, го отпуштиле и почнале да снимаат одново со друг актер.
Меган Фокс
Меган Фокс се прослави со серијалот Transformers, но во 2009 година беше отпуштена и нејзината улога ја доби Рози Хантингтон Вајтли.
Пред да почне снимањето, Меган јавно го критикуваше режисерот на филмот, дури го спореди и со Хитлер, по што доби отказ.
Силвестер Сталоне
Улогата на Еди Марфи во Beverly Hills Cop најпрво ја добил Сталоне.
Но, откако го добил сценариото, актерот инсистирал наново да ги напише неговите дијалози и со тоа целосно да го промени ликот.
Ова не му се допаднало на студиото, па бил отпуштен.
Џулиен Мур
Само неколку дена пред да почне снимањето за филмот Can You Ever Forgive Me, Џулиен Мур добила отказ.
Подоцна актерката изјави дека најверојатно на режисерката не ѝ се допаѓало што имале некои различни ставови за нејзиниот лик.
По отказот на актерката, продукцијата на филмот речиси беше сопрена, но снимањето продолжи со друга актерска екипа, но и друг режисер.
Виго Мортенсен
Кога актерот се пријавил на аудиција за филмот Platoon, режисерот му рекол дека ќе му требаат повеќе пари за да почне со снимање.
Па, додека чекал, актерот цела година се подготвувал за улогата и научил скоро сè за Виетнамската војна (темата на филмот).
Но, од статија во весник дознал дека режисерот ќе го снима филмот со Вилем Дефо.
Спирова С. | Црнобело