10 филмски премиери што не треба да ги пропуштите ова лето

Horizon: An American Saga Chapter 1 (28-ми јуни)

Horizon е епски вестерн во режија на Кевин Костнер кој ќе има четири продолженија.

Дејството е сместено пред и по Граѓанската војна во САД и се фокусира на настаните кои го оформиле западниот дел на земјата.

Beverly Hills Cop: Axel F (3-ти јули)

Со Еди Марфи во главната улога, филмот е четврто продолжение на серијалот Beverly Hills Cop.

Главниот лик во комедијата е Аксел кој се враќа во Беверли Хилс, откако дознава дека животот на ќерка му е во опасност.

Fly Мe to the Moon (12-ти јули)

Романтична комедија инспирирана од вселенската трка од 1960-тите, со Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум во главните улоги.

Обидувајќи се да ја спаси репутацијата на НАСА, директорот на агенција најмува специјалист за маркетинг кој треба да инсценира лажно слетување на Месечината, во случај првото да пропадне.

Deadpool and Wolverine (26-ти јули)

Долгоочекуваното враќање на Вулверин (кое мислевме дека нема да се случи), и тоа во друштво на Дедпул.

Можеби најпопуларните суперхерои на Марвел се обидуваат да водат мирен живот.

Но, откако универзумот е соочен со опасност, и двајцата се присилени повторно да се борат против злото.

Blink Twice (23-ти август)

Уште една премиера со Ченинг Тејтум, како и режисерското деби на Зои Кравиц.

Главниот лик е келнерка која се вплеткува со многу богат технолошки могул.

Таа оди со него на неговиот приватен остров, каде што многу работи тргнуваат на погрешно.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg