10 филмски премиери што не треба да ги пропуштите ова лето
Долгоочекуваниот Deadpool & Wolverine, како и третото продолжение на A Quiet Place кое се фокусира на почетоците на апокалипсата - кој филм го чекате со нетрпение?
Летово нè очекуваат бројни возбудливи филмски премиери.
Некои инспирирани од вистински приказни, некои со оригинални сценарија, но и продолженија на популарни серијали – има многу филмови кои не треба да ги пропуштите.
10 филмски премиери што не треба дa ги пропуштите летово:
Датумите се за премиерите во САД, што значи кај нас може да почнат да се прикажуваат малку подоцна.
Inside Out 2 (14-ти јуни)
Во второто продолжение од анимираниот филм на Pixar, дејството е сместено една година по настаните од првиот дел.
Главниот лик повторно е Рајли која сега почнува да оди во средно.
А, покрај емоциите што ги гледавме во првиот дел, како тага и радост, сега има и нова која создава многу проблеми.
The Bikeriders (21-ви јуни)
Дејството е сместено во 1960-тите и се фокусира на мото-клуб од Чикаго кој го сочинуваат криминалци.
Во филмот се прикажани животите на неколку членови и нивните семејства, како и еволуцијата на клубот во насилна банда.
Thelma (21-ви јуни)
Главниот лик е Телма, 93-годишна жена која „наседнува“ на измама, откако маж лажно ѝ се претставува дека ѝ е внук и успева да ја ограби.
Телма ја сфаќа измамата и тргнува на мисија да си го врати она што ѝ е одземено.
A Quiet Place: Day One (27-ми јуни)
Третото продолжение од популарниот серијал ќе се фокусира на почетоците на апокалипсата.
Дејството е сместено пред првиот филм, а главниот лик е жена која се обидува да ја преживее инвазијата од вонземјаните со многу изострен слух.
A Family Affair (28-ми јуни)
Со Никол Кидман и Зaк Ефрон во главните улоги, A Family Affair е романтична комедија.
Главниот лик е Зара, млада жена која работи како асистентка на разгален холивудски актер. И, открива дека мајка ѝ е во тајна врска со актерот.