Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот?
Измислица е дека никој не ја забележал експлозијата на атомската бомба за време на тестирањата.
Според податоците, од јачината на атомската експлозија биле искршени прозорците во градовите во близина на лабораторијата Лос Аламос, како Амариљо, Тексас, а светлината била забележана и на оддалеченост од 480 километри.
Властите во САД во тоа време објавиле дека имало експлозија на магацин за муниција, но дека за среќа никој не бил повреден.
Измислица е дека Опенхајмер го консултирал Ајнштајн за пресметките на Едвард Телер
Едвард Телер е човекот кој ја измислил водородната бомба, а за време на „проектот Менхетн“ изразил загриженост за последиците што нуклеарното оружје би можело да го има врз атмосферата.
Но, Опенхајмер не го консултирал Ајнштајн за овие тврдења, како што е прикажано во филмот, туку Артур Комптон.
Во какви односи навистина биле Ајнштајн и Опенхајмер
Во филмот Ајнштајн добива голема улога, но факт е дека тој воопшто не бил ниту вклучен во трката за развивањето на првата атомска бомба.
Имаме можност да го видиме Опенхајмер како во неколку наврати оди кај Ајнштајн за добие совет, но вистината е дека во овој период двајцата научници воопшто не биле блиски.
Во тоа време Опенхајмер сметал дека Ајнштајн има премногу застарени сфаќања, и дека е целосно луд.
Тие двајца станале пријатели но во псоледната деценија од животот на Ајнштајн, откако војната била завршена, а двајцата работеле како професори на Принстон.
Б. С. Б. | Црнобело