Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024
Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црвениот тепих, а Ал Пачино заборави да ги прочита номинираните за најважната категорија – најдобар филм. Како помина овогодишното доделување на Оскари 2024?
Овогодишното, 96-то издание на Оскари помина релативно мирно, без големи инциденти и скандали.
Водител на настанот беше Џими Кимел, кој очекувано, кажа и неколку невкусни шеги на сметка на присутните.
Неколку актери имаа мали незгоди, како паѓање на црвениот тепих и скинати фустани, а Ал Пачино направи и голема „утка“ кога се качи на сцената како презентер.
Забавни и непријатни моменти што ги одбележаа овогодишните Оскари:
Кирстен Данст се сопна од статуа на црвениот тепих додека позираше со сопругот Џеси Племонс
https://twitter.com/Variety/status/1766946285431492715
Актерката Лиза Коши, пак, се сопна и падна на црвениот тепих
https://twitter.com/PopCrave/status/1766919598106919091
Многумина не беа воодушевени од воведниот монолог на водителот Џими Кимел, а на повеќето не им се допаднаа неговите шеги на сметка на Роберт Дауни Џуниор.
За потсетување, актерот имаше сериозни проблеми со зависност од дрога, а додека Кимел се шегуваше за тоа, повеќе од очигледно е дека Дауни Џуниор не е најсреќен.
https://twitter.com/Roxyafs/status/1766965890438828174
Филмот Poor Things иако е фаворит на многумина, се соочува со критики поради бројните секс сцени.
Секако, Џими Кимел се пошегува и за тоа, а Ема Стоун не беше воодушевена. Сепак, некои мислат дека актерката само учествува во шегата и затоа делува налутено.
https://twitter.com/badpostestone/status/1766974435376914521
Презентер за категоријата најдобра костимографија беше Џон Сина. И, на сцената се појави потполно гол.
https://twitter.com/FilmUpdates/status/1766980530111729804