Филмски викенд: Вистинити спортски приказни

filmski-vikend-vistinski-sportski-prikazni-povekjeСпортските филмови ја имаат таа моќ да инспирираат, па затоа откако го гледав Бред Пит во Moneyball се инспирирав да ја склопам оваа листа.


Како редовен непратител на спортови, ретко кажувам дека некој филм што обработува спортска тема е добар за гледање.

Но, следните предози не се типични „се мачеше, па на крај успеа“ спортски приказни, туку покажуваат како секој може да направи нешто повеќе, дали да одбере друг пат за да стаса до зацртаната цел, или да си го отвори срцето кон некој непознат, или па што се може да се постигне кога се прави здружено.

Затоа кажувам, овие филмови се одлични, се базираат врз реалните животи на сосем нормални луѓе како било кој од нас, но сепак останале запаметени во историјата.

Повелете погледнете приказни од три различни спортови:


Moneyball (2011)

filmski-vikend-vistinski-sportski-prikazni-1

Приказна за Били Бејн, генералниот менаџер на бејзбол тимот Оукланд А, кој со малиот буџет не може да обезбеди силни играчи за тимот, поради што не можат да обезбедат пласман во финалето секоја година (успат да кажам дека немам појма како одат правилата за бејзбол).

Случајно налетува на Питер Бренд, дипломиран економист, кој не ги гледа играчите по физичките квалитети, туку по статистичите податоци што ги има собрано.

Се здружуваат и ги собираат играчите кои никој не ги сака, оние кои немаат харизма на терен, ама се добри на хартија.

Со таа филозофија почнуваат да победуваат, рушат рекорди, и дали победуваат на крај?

Оставам да го гледате филмот. Филмот го препорачувам на сите, најмногу поради Бред Пит кој дава одличен перформанс како менаџер на тим, и како разведен татко кој се труди да биде добар родител за ќерката.

Режија: Bennett Miller
Глума: Brad Pitt (Били Бејн), Jonah Hill (Питер Бренд)


The Blind Side (2009)

filmski-vikend-vistinski-sportski-prikazni-2Најверојатно сте го гледале овој филм, но мене ми е еден од омилените спортски филмови.

Приказната го следи Мајкл Ор, крупен тинејџер, измалтретиран од животот, останат сам, без дом и едвај го поминува школото.

Се запознава со фамилијата Туи кои му даваат место за престој, облека, помош за учење... т.е. му даваат втора шанса за живот.

Со нивна помош тој се расте во одличен спортист (американски фудбал), и успева да се запише на факултет со спортска стипендија.

Не ја ценев Сандра Булок, бидејќи мислев дека ќе остане заглавена во истиот жанр (романтични комедии). Но, многу ме изненади нејзината трансформација тука, ја носеше главната улога Лиен Туи, која е мајка на две деца, со длабок јужно-американски акцент, посветена христијанка и републиканец.

Го засакува Мајкл исто како да е нејзино дете и се бори да му ја олесни сегашноста и да му обезбеди иднина.

Режија: John Lee Hancock
Глума: Quinton Aaron (Мајкл), Sandra Bullock (Лиен Туи), Tim McGraw (Шон Туи)


Montevideo: Taste of a Dream (2010)
или оргинално: Монтевидео, бог те видео

filmski-vikend-vistinski-sportski-prikazni-3

Од историски аспект поинтересен би бил за постарата генерација, тие од поранешните ју простори, затоа што приказните за првиот југословенски фудбалски тим нив им се попознати.

Дејствието се случува во 1930 година, каде фудбалскиот тим на Кралството Југославија се спрема за првото светско првенство во Уругвај.

Не раскажувам понатаму со надеж дека ќе ве заинтригирам за да го гледате. Навистина преубаво изработен филм, приказната е убаво склопена, ги покрива сите тогашни трендови, камерата прави да се
чуствувате дека гледате бајка, а глумците прават да се чуствувате како дел од тимот.

Според тоа што направив мало истражување многу од настаните се случиле точно онака како што се прикажани. Дефинитивно вреди да се погледне.

Со нетрпение го очекувам продолжението (кое мислам дека веќе се снима), а ќе ни ја раскаже приказната за случувањата во Уругвај.

Режија: Dragan Bjelogrlic
Глума: Milos Bikovic (Тирке), Petar Strugar (Моша) and Nina Jankovic (Валерија)

Се читаме наредната недела, ќе следат новогодишни, па божиќни филмови!

Подготвил: И.Т.

Би можело да ве интересира:

Вирално видео од Оскарите - Глен Клоуз ја возвишува Македонија и филмот „Пред дождот“ „Јасно е дека Македонија е многу стара земја и дека многу работи се имаат случен...
10 ситуации кои се невозможни во реалност, а во филмовите редовно се случуваат Освен тоа што никој не мие заби кога ќе стане и не заклучува дома, има уште неко...
30 години од серијата „Мојот т.н живот“, во чиј главен лик бевме сите вљубени - Како изгледаат денес... Во средината на 1990-тите не постоеше тинејџерка што не беше вљубена во лошото м...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg