10 забавни филмски серијали, совршени за продолжен викенд
Ако сте расположени за комедија со доза акција, нема да погрешите со Men in Black. Ако, пак, сакате трилери, задолжително погледнете ги филмовите James Bond со Даниел Крег во главната улога.
Продолжениот викенд значи и повеќе слободно време за гледање филмови. Па, сега можете да им дадете шанса на популарните филмски серијали кои се совршени за маратонско гледање.
10 филмски серијали што ќе ви го исполнат слободното време овој продолжен викенд:
Men in Black
Серијалот Men in Black со сочинуваат четири продолженија, од кои првите три се со Вил Смит во главната улога.
Дејството е инспирирано од популарните теории на заговор за вонземјани кои ја посетиле Земјата.
Главните ликови во комедиите се агенти од тајна владина агенција која пробува да го скрие постоењето на вонземјаните на Земјата од „обичните“ луѓе.
Bridget Jones
Своевремено, филмовите за Бриџит Џоунс беа најпопуларните романтични комедии.
Филмовите се снимени според истоимените книги на Хелен Филдинг.
Главниот лик е Бриџит Џоунс – девојка која е незадоволна од својот изглед и пробува да ја најде љубовта на својот живот.
John Wick
Акциониот серијал со Киану Ривс во главната улога веќе се смета за еден од најдобрите во својот жанр.
Главниот лик е Џон Вик, поранешен професионален убиец и вдовец. Откако група крадци му го убиваат кучето и му го крадат автомобилот, тој ѝ се враќа на старата професија за да се одмазди.
James Bond (со Даниел Крег)
Досега се снимени над 20 филмови со популарниот таен агент, но доволно е да ги изгледате само оние со Даниел Крег.
Дејството веќе ви е добро познато – главниот лик е Џејмс Бонд, таен агент кој работи за британската MI6, а во секој филм се соочува со различни негативци.
Spider-Man: Homecoming
Досега, во склоп на Marvel Cinematic Universe, Marvel има снимено над 30 филмови и серии.
Но, нема потреба да гледате ниту еден од нив за да уживате во најдобрата трилогија од франшизата.
Трите филма за Spider-Man ќе ви се допаднат дури и ако не сакате суперхерои.