Се наближуваат божиќните и новогодишните празници, а со нив и сите оние мали задоволства кои си ги подаруваме и ги споделуваме со најблиските. Ова се денови кога им покажуваме колку ни значат пријателите и семејството, a со подарувањето им ја искажуваме благодарноста затоа што се секогаш покрај нас, како во добрите така и во лошите денови. Но, колку и да им се радуваме на овие празници, сепак среќата која овие празници им ја носат на децата е неспоредлива. Па затоа, ова е одлична можност не само да го смислите најубавиот подарок за нив, туку и да им ги дадете првите лекции околу смислата и целтта на подарувањетo.